imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Продажбата на персонални компјутери се намалува, но Mac компјутерите остануваат силни


Нови статистички податоци пристигнаа од Гартнер, кои ги потврдија фактите што веќе сите ги знаеме: пазарот за персонални компјутери умира.
Дури и продажбата на Mac компјутерите е во опаѓање, но е многу помала од светскиот просек.

Гартнер ја објави продажната статистика за кварталот од 2018 година. Во изминатите три месеци немаше многу изненадувања. Продажбата продолжи да се намалува,исто како и претходните години. Сите производители за кои станува збор – освен Lenovo и Dell – продале помалку уреди во споредба од истиот период претходната година.

Најголем пад имаат Acer. Во споредба со минатогодишниот квартал, тие продадоа 18,3% помалку уреди. Се чини дека Lenovo може да преживее бидејќи тие го затворија кварталот со мал раст(5,9%).

Намалувањето на Apple од 3,8% е извонредно, бидејќи продажбата на Mac компјутерите би можела да остане над светскиот просек (-4,3%).
Кога станува збор за точна проценка, тоа значи дека купувачите купиле 1 милион помалку Mac компјутери од минатата година.

И покрај овој пад на пазарот, Apple успеа да одржи раст на пазарот во целост. Mac компјутерите застапуваат 7,2% од целиот пазар на персонални компјутери, а тоа е 0,1% повеќе отколку што беше претходно. Apple ја задржаа својата 4-та позиција во рангирањето на производителите по Lenovo, HP и Dell, а потоа следат Asus и Acer.

Извор : MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.