imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Продолжува популарноста на iPhone 8


Според новото истражување, iPhone 8 се уште е во состојба да го покори интернационалниот пазар на смартфони, многу месеци по неговото претставување. Со сето ова, телефонот не само што ги победи своите ривали, туку го совлада и врвниот модел од сопственото “семејство”…

Според новите податоци од Counterpoint Research, се испостави дека нашето мислење дека iPhone 8 е одличен iPhone со лош тајминг, всушност, не е точно. Имено, овој уред владее на пазарот и многу месеци по своето лансирање.

Не беше секогаш такa. На пример, во април, ривалот Samsung Galaxy S9 Plus стигна на врвот на истата листа. Сепак, иако дури и со мала разлика, сега iPhone 8 го презеде водството. Ако заокружиме на едно децимално место, гореспоменатите iPhone и Galaxy достигнаа стапка од 2,4 проценти на меѓународниот пазар, па навистина можеме да зборуваме за мала разлика.

iPhone X можеше да стигне само до третата позиција со 2,3%, по што следи Xiaomi Redmi 5A (2,2%), и конечно iPhone 8 Plus ja завршува топ 5 листата со 2,1%. Според Counterpoint, причината поради која iPhone 8 го презема водството е новата реклама во која Apple како мотив го вклучи Светското првенство во фудбал и ги истакна функциите на камерата на iPhone. Навидум, тоа можеше да влијае на многу потенцијални купувачи.

Исто така е интересно што компанијата успеа да постигне раст на бројките, без оглед на фактот што новите уреди треба да пристигнат во септември. Па, се чини дека вообичаените поплави на гласини, протекувања и предвидувања не можат да влијаат врз продажбите, за кои сум сигурен дека се многу среќни во Купертино.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.