imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

.projekt – Се зависи од перспективата


Apple ја избра оваа игра како игра на денот во App Store, па одлучивме да ја тестираме. Одлична е како вежба за мозокот во моментите на досада.

Ја знаете ли онаа индијанската приказна за слепите жители на селото и слонот? Ако не ја знаете, ќе ви раскажам. Во едно село живееле слепци. Некои од нив наишле на слон во џунглата. Секој од нив го допрел слонот, а по враќањето дома, на сите селани им кажале какво животно сретнале. Оној што му ги допрел ушите го рекол следното: „Многу е голем и широк како тепих”. Оној што му ја допрел сурлата рекол дека тоа е „долга, тенка, шуплива цевка”. На крајот, оној што му ја допрел ногата рекол дека се рабори за „голем набран стап”. Која е поуката. Секој ја кажал вистината бидејќи реалноста содржи многу различни перспективи.

Авторот на играта .projekt сакал да ги нагласи различните перспективи, но преку визуелен пат. Неговата 3D сложувалка се темели на едноставни принципи, но начинот на кој се решава не е нималку лесен. Во средината имаме коцка со големина 5x5x5, а од двете страни е проектирана на ѕид во облик на лик кој мораме да го обликуваме. Тешкотијата е во тоа што сенката на 3D предметот кој мораме да го направиме мора да ги покрива двата облика на ѕидот, кои не се нималку слични.

Зад оваа неверојатна игра стои Kyrylo Kuzyk. Со оглед на тоа дека се работи за еден човек, дизајнот е минималистички, без никаква сличност со Shadowmatic. Меѓутоа, ако сте ја играле оваа игра и сакате да уживате во нешто слично, испробајте ја .projekt.

Преземете ја .projekt za iOS (iPhone, iPad, 1,99 долари)

Преземете ја .projekt za macOS (Mac, 3,99 долари)

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!