imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Проверување на статусот на батеријата на Magic додатоците во macOS


Apple има вистинска мала војска на Magic додатоци. Magic Trackpad, Magic Mouse, Magic Keyboard. Но, што е со нивните статуси на батеријата?

Иако мојот личен став е дека MacBook уредите не бараат било какви надворешни додатоци – на пример, употребата на маус за мене е чиста бласфемија, бидејќи имаме генијален тракпад – но iMac не може да функционира без Magic додатоци.

Поновите генерации функционираат со батерии што се полнат, но во идеален случај не треба да ги полните со месеци. Сепак, се работи навистина за идеален случај бидејќи Magic Mouse бара поинакво полнење. Влезот за полнач е сместен од долната страна на маусот, па не можете да го користите додека се полни, бидејќи мора да биде свртен наопаку – затоа подобро тоа да го правите дома, бидејќи призорот е малку комичен.

Грубо кажано, животниот век на батеријата во траење од еден месец е доволно долг корисниците да заборават кога последен пат го полнеле уредот. На тој начин корисниците можат само да погодуваат која е вистинската состојба на батеријата. Освен ако знаете каде да го проверите нејиниот статус:

  • Отворете System Preferences
  • Потоа одете на Keyboard/Mouse/Trackpad, зависно од тоа кој уред го прегледувате.
  • На дното на страницата ќе се прикаже податок за прецизниот процент на батеријата, па можете да пресметате кога треба повторно да посегнете по полначот.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.