imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Првиот 5G iPhone би можел да пристигне во 2020. година


Според изворите на Fast Company, претставувањето на новата генерација на мобилно поврзување во екосистемот на Apple не е толку далеку.

Во последно време се проширија многу вести за 5G поврзувањето. Додека давателите на услуги трпеливо работат на технологијата и изградбата на потребната инфраструктура, производителите на хардвер исто така почнаа со потребните подготовки. На пример, Apple веќе доби дозвола од FCC за експериментирање.

Овој пат, Fast Company пружи дополнителни информации за наводните планови на компанијата, цитирајќи анонимен извор со „знаење на плановите на Apple”. Според овој извор, првиот 5G iPhone би требало да пристигне во 2020. година, поточно, само две генерација не делат од тоа.

Наводно, Apple планира да ги користи чиповите на Intel, односно 8161 5G модем чипот, но засега се уште постојат технички проблеми со распределба на топлината. За да ги избегне таквите проблеми, Apple истовремено преговара и со MediaTek, како план B.

Зошто 5. генерација безжични мрежи ќе биде добра? Според Сојузот на следната генерација мобилни мрежи, 5G стандардот ќе мора да ги задоволува овие регулативи:

  • Брзина на податоци во десетици мегабити во секунда за десетици илјади корисници.
  • Брзина на податоци од 100 мегабити во секунда за метрополитенските подрачја.
  • Истовремена брзина од 1 Gb/s за повеќе работници на истиот кат од канцеларијата.
  • Неколку стотици илјади истовремени конекции за безжични сензори.
  • Значително зголемување на спектралната ефикасност во однос на 4G.
  • Подобрување на покриеноста.
  • Подобрување на ефикасноста на сигналот.
  • Значително намалување на латентноста во однос на LTE.

Извор: The Verge

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.