imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

R.I.P. MagSafe – Беше најдобар порт на сите времиња


MacBook Air беше последниот лаптоп на Apple со овој влез, но со претставувањето на новиот модел, кариерата на MagSafe е официјално завршена.

Ако постои некој влез за кој сме емотивно врзани, тоа сигурно е MagSafe. За него имаме само и исклучиво зборови за пофалба, можеби затоа што се работи за тоа дека беше единственото обележје на MacBook кое никој не можеше да ви го позајми во случај својот да сте го заборавиле или изгубиле.

Еве само неколку причини зошто тоа своевремено била генијална идеја:

  • Никогаш не можевте да го повлечете од масата со кабелот.
  • Лесно можевте да го полните MacBook во темница.
  • Јасно можевте да видите кога компјутерот не ви е наполнет.

Сепак, со претставувањето на 12-инчниот Retina MacBook, Apple одлучи да го замени MagSafe со полошо решение. Сепак, можеме да пронајдеме и оправдани прилини за преоѓање на USB-C.

На пример:

  • Порано или подоцна, освен за полнење на iPhone, сите ќе користат USB тип C за полнење, така што веројатно можеме да зборуваме за универзално решение.
  • Можеме да користиме екстерна батерија за полнење.
  • Можеме да го полниме уредот од која страна сакаме со помош на било кој сакан порт (со претпоставка двете страни да имаат порт).
  • Низ овој влез се врши и размена на податоци, да не го споменуваме Thunderbolt3.
  • Компонентите на USB C се прилично евтини (да не ги споменуваме големите маржи кои можат да се постигнат).
  • Некако има смисла адаптерот и кабелот да се одвоени еден од друг. На пример, може да биде корисно во случај еден од нив да се расипа и да морате да го замените, или едноставно да сакате да го чувате поради естетскиот момент.

Како и да, кога би имал прилика, секогаш би заменил два од четирите свои USB-C портови со MagSafe 2. За жал, оваа можност не постои, ниту пак некогаш веќе ќе постои.

Со доаѓањето на новиот MacBook Air, кариерата на овој порт и официјално го дочека својот крај. Од сега, ниту еден MacBook нема да има таков порт.

Збогум, MagSafe!

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.