imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Retina MacBook Air – Наследникот кој го чекавме


Го добив новиот Retina MacBook Air на седумдневно тестирање. Многу е тешко да се најде замерка на уредот кој отсекогаш беше меѓу најдобар во својата категорија.

Мојот прв Mac беше MacBook Air. Вториот исто. И денес секојдневно во користам, првенствено за канцелариски работи. Одлично ми е што на него можам да работам цел ден без полнење, лесен е како перце и нема непотребни функции. Има се што е потребно за уредување тестови, работа во Photoshop, испраќање електронска пошта, пребарување на интернет, а може да преживее и неколку состаноци во денот.

Енергетски ефикасниот двојадрен процесор, 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање се сосема доволни за секојдневните задачи. Всушност, овој лаптоп речиси воопшто не се менуваше сите овие години, бидејќи од самиот почеток имаше јасна целна група. Тоа е лаптоп наменет за просечниот корисник. Кога Steve Jobs на светот му го претстави првиот Air, измисли целосно нова категорија на пазарот на компјутерите. Со оглед на тоа дека се работи за исклучително успешен концепт, зошто нешто да се менува?

Гледате, иако во целост е реновиран, новиот MacBook Air не донесе ништо револуционерно. Осветленото лого на Apple е отстрането, прастариот екран е заменет со Retina, а додадени се Force Touch Trackpad, третата генерација на butterfly тастатура, T2 чип и Touch ID. Значи, листата на нови функции не е баш кратка. Сепак, беше краен момент за оваа надградба.

Сепак, Phil Schiller го закопа MacBook Air во 2016. година, кога беше претставен 13-инчнот MacBook Pro, кој Apple го опиша како „нов Air”. И тоа имаше смисла: беа речиси со иста тежина, а куќиштето на Pro моделот беше нешто помало од она на Air. Единствената значајна разлика беше тоа што MacBook Pro беше од 15 до 20% помоќен.

Меѓутоа, Air успеа да преживее во сенката на MacBook Air и сега е претставен во сосема ново руво. Иако тежината малку му се промени, големината му остана идентична како кај Pro, а и нема некоја голема разлика во нивното користење. Apple единствено ги задржа оние ниски копчиња. Така е позгодно да се пишува, дури и кога компјутерот го држите во скут. Повторувам, рецептот функционираше од почетокот, па (фала на небесите) не го променија.

Истото вреди и за останатото. Можеби преоѓањето од стариот екран кој немаше ни резолуција од 1080 пиксели, на сегашната Retina се чини големо, но се работи за екранот што го познаваме и сакаме, и во кој уживаме. Повторно, иако боите и контрастот на него се одлични, тоа значително не влијае на пишувањето текстови и читањето е-пошта.

Сепак, ако работите во Photoshop или Illustrator, разликата е видлива. Но, тоа е тоа. Apple веројатно го замени екранот, само затоа што тоа се очекуваше. Новиот Air има посилен процесор, а и графичките перформанси се подобрени. Сето тоа за да се поддржат зголемените барања на Retina екранот. Кога Apple почна да експериментира со такви екрани, имаше големи пробеми. Но, сега се тече мазно.

Кога ќе ја погледнеме целата листа на нови функции, можеме да наброиме многу причини за преминување на новиот Air, како T2 чип, Touch ID и Butterfly 3 тастатурата. Оваа нова тастатура,  која е сосема поинаква за користење, ги има сите нови модификации како и надградената верзија на MacBook Pro од ова лето. Навистина е пријатно да се работи на нега. Веројатно би правел и помалку грешки. Затоа, секоја пофалба за Apple.

Touch ID е нешто сосема ново. Копчето Power е заменето со биометриска идентификација. Брза е, одлично работи и нема потреба да се малтретирате со лозинки (ако немате Apple Watch). Интересно е дека го вклучија скенерот за отпечатоци од прсти, но го изоставија целиот Touch Bar. Кој знае, можеби тоа ќе го отстранат и на следната генерација на MacBook Pro.

За крај, мораме да кажеме нешто повеќе за T2 чип. Не се работи за ништо спектакуларно или ново, тоа е хардвер со сопствен оперативен систем кој помага во управување со разните системски процеси и други компоненти. Apple со ова решение би сакал да го достигне безбедносното ниво на Secure Enclave, кој е дел од iPhone. Овој копроцесор е задолжен за енкрипција на просторот за складирање и за сигурно покренување на системот, и управува со камерата, звучниците и микрофонот на FaceTime.

Ако мене ме прашате по што е поинаков новиот Retina MacBook Air, би рекол се. Имено, кога го користите, имате чувство дека ништо не е променето. Но, токму тоа е најголемиот можен комплимент. Apple не правеше непотребни промени, батеријата и натаму лесно издржува 12 до 13 часа, но внатрешноста и надворешноста на уредот во целост се обновени.

Несомнено дека се работи за подобра прилика од MacBook, кој е во сличен ценовен ран. Ако можете да преживеете без 15 до 20 проценти помоќните перформанси на MacBook Pro, ова е идеален избор за сите кои бараат преносен компјутер за секојдневна употреба.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.