imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Safari се уште држи елитна положба на пазарот на мобилни прелистувачи


Во едно истражување исплива прилично интересен детал: Safari ја предводи трката на мобилни интернет прелистувачи во САД. Меѓутоа, и вградениот прелистувач во Facebook исто така бележи раст на популарноста.

Веројатно претпоставувате дека корисниците им се верни на своите компјутерски прелистувачи, па дека истата услуга ја употребуваат и на мобилните телефони. Така Chrome и натаму е најпопуларен, па и меѓу корисниците на Apple, без оглед на љубовта кон екосистемот.

Меѓутоа, три различни истражувања открија дека Safari е водечки прелистувач во SAD, што звучи нелогично во поглед на претходно споменатите информации. Но, ако го земете во предвид фактот дека повеќе од половината корисници имаат iPhone, работите почнуваат да добиваат смисол.

Mixpanel пресмета дека пазарниот удел на iOS изнесува 65,5 проценри, а на Android само 34,5 отсто. Во споредбата на доминацијата на мобилните прелиостувачи, Safari е на чело со 8,4%, а го следи Chrome со 33,3%. СО оглед на тоа дека бројките не одговараат на процентите врзани со доминацијата на платформата, може да се заклучи дека постојат и други преферирани опции, како прелистувачот на Facebook.

Според друго истражување, Safari води само за неколку проценти, па сите овие информации треба да се прифатат со доза на скепса. Сепак, едно е сигурно – на мобилните уреди зададените апликации и натаму се попопуларни од опциите од трети страни.

Што преферирате вие?

Извор: Apple Insider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!