imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Сакате да трчате со Apple Watch? Погрижете се за овие поставки!


Вашиот Apple Watch може да биде одличен алат за било кој вид спортски активности, како што е на пример трчањето. Посебно ако ги следите овие чекори…

Ажурирајте ја вашата здравствена статистика

Иако Watch има многу специфични сензори, нема да го знае вашиот пол, возраст, висина и тежина ако вие самите не ги внесете овие податоци. Навистина е важно дали 19-годишно момче ќе претрча маратон како вашата 80-годишна баба.

Вашиот Apple Watch ќе може да даде исправни мерења само ако му дадете точни и ажурирани податоци веднаш на почетокот. Во теорија, сетоа тоа морате да го поставите при активација на часовникот, но ако тоа не сте го направиле точно или ако дошло до некакви промени, тогаш на вашиот iPhone отворете ја апликацијата Watch, изберете го My Watch работ на дното и изберете Health за да ги внесете промените.

Калибрирање

Па, се уште сме во фаза на “запознавање”: со калибрацијата можете да добиете попрецизни податоци за далечината, темпото и калориите, а часовникот ќе ги мери точните резултати кога GPS не е прецизен. Ако тоа претходно никогаш не сте го правеле, почнете со ‘Reset Fitness Calibration Data’.

  • Отворете ја апликацијата Watch
  • Одете на табот My Watch, потоа кликнете на Privacy и изберете Reset Fitness Calibration Data.

Потоа, вистинската калибрација може да почне:

  • Ставете го вашиот Apple Watch на рака и одете на рамното, отворено подрачје каде што GPS е доверлив и небото е чисто.
  • Отворете ја апликацијата Workout. За почеток морате да изберете прошетка или трчање на отворено. Шетајте или трчајте со ваше индивидуално темпо околу 20 минути.

Затегнете ја лентата

Можеби се чини тривијално, но и тоа е нешто за што би требало да се погрижите. Прецизно исчитување на отчукувањето на срцето ќе добиете само ако сензорот е во директен и стабилен контакт со вашиот зглоб. Значи, ако лентата е полабава во текот на денот, би требало да ја затегнете пред да одите да трчате. На тој начин, часовникот нема да ви пречи во текот на вежбањето, а вие ќе добиете прецизно читање на отчукувањето на срцето.

Метрика

Во текот на трчањето на отворено, вашиот Apple Watch може да следи неколку мерки истовремено. Меѓутоа, тоа не значи дека можете да ги видите во текот на тренингот.

  • Отворете ја апликацијата Watch на вашиот iPhone
  • Допрете го табот My Watch, potoa Workout > Workout View.
  • Допрете Multiple Metric или Single Metric.
  • Ако изберете Multiple Metric, можете да изберете дури 5 мерни податоци за вашето вежбање. Допрете го саканиот вид на вежба и потоа Edit. Додајте или отстранете ги мерните податоци, или променето го нивниот редослед.
  • Ако изберете Single Metric, со свртување на Digital Crown можете да се префрлате помеѓу 5 мерни податоци во текот на вежбањето.

Цели

Постигнувањето на одредена цел може да биде подобра мотивација од било што друго. При изборот на вид на тренинг, допрете ги трите точки (…) и поставете ги вашите цели врз основа на оддалеченоста, калориите или времето.

Автоматско паузирање

Секој кој трчал во град зае дека понекогаш е потребно да се застане. Понекогаш морате да чекате на пешачки премин, понекогаш на вашиот пат стои автомобил, а понекогаш и пешаците можат да ја отежнат ситуацијата. Во тие случаи, Auto Pause може да биде практичен, и благодарение на него ќе добиете точни податоци, без оглед на пречките кои се наоѓаат пред вас.

  • Отворете ја апликацијата Watch на вашиот iPhone.
  • Притиснете го табот My Watch, потоа Workout > Running Auto Pause.

Извор: CNet

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!