imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Само Apple и овластените сервис провајдери можат да ги поправаат iMac Pro и MacBook Pro 2018


Од сега сите даватели на услуги од трети страни, ресторани за брза храна, самоповикани експерти и било кои други страни без овластување не смеат да вршат поправки на T2 чипот, а така треба и да биде.

Според интерен документ до кој стигна Motherboard, Apple ќе забрани неофицијални поправки на iMac Pro и MacBooka Pro од 2018. година, и тоа со помош на софтверско решение. Во согласност со тоа, само Apple и овластените провајдери на услуги за сервис (како iSTYLE) ќе смеат и ќе можат да извршуваат одредени поправки.

Повод за оваа иницијатива е фактот дека T2 чипот има многу сигурносни функции од клучна важност – затоа компанијата мора да биде исклучително внимателна. Со оглед на тоа дека само два уреда во моментов го имаат тој чип, ова правило вреди само за нив, но се претпоставува дека листата на таквите уреди во иднина ќе се зголеми.

Одредени поправки на хардверот од сега нема да можат да се сметаат за целосни, пред AST 2 System Configuration Suite да се покрене на уредот. Ако овој чекор не се спроведе, системот нема да биде функционален, а поправката ќе биде нецелосна. Со оглед на тоа дека само овластените провајдери на услугите за сервис ќе имаат пристап до тој софтвер, сите останати сервиси отпаѓаат како опција.

Што се однесува до MacBook Pro, замената на екранот, Touch ID, матичната плоча и горното куќиште спаѓаат во категоријата на претходно опишаните поправки. Во случајот на iMac Pro, софтверот мора да се употреби ако се менуваат матичната плоча и флеш просторот за складирање.

Оние наклонети кон критика сметаат дека ова е трик на Apple со кој сака да ја зголеми сопствената заработка од поправките. Меѓутоа, овој потег може да се протолкува како труд на компанијата да ја задржи контролата над поправката на најважните компоненти, и да ги заштити T2 чиповите задолжени за сигурност.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.