imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Само што протече датумот за овогодинешниот Keynote на iPhone?


Германски извори тврдат дека собрале информации од мобилните оператори за тоа кога ќе почнат да собираат преднарачки. Поради тоа многу е лесно да се претпостави датумот на самата објава.

Нормално, додека не ги добиеме службените покани, не можеме да бидеме потполно сигурни кога новата линија на iPhone, која според нашите сознавања ќе вклучува три нови модели, ќе биде претставена. Без оглед на тоа, со одличен пристап можеме да заклучиме кои се можностите, како што веќе и имаме направено. Само да ве потсетиме:

  • iPhone 8/8 Plus (2017) – вторник, 12. септември
  • iPhone 7/7 Plus (2016) – среда, 7.септември
  • iPhone 6S/6S Plus (2015) – среда, 9. септември
  • iPhone 6/6 Plus (2014) – среда, 9. септември
  • iPhone 5S (2013) – вторник, 10. септември
  • iPhone 5 (2012) – среда, 12. септември
Графиката на поканата за Keynote през. од 2015.

Јасно е видливо од претходните години претставувањето на новите уреди се има одржувано во вторник и среда. Заначи, оваа година се ограничува на можнисте следни датуми: 4,5,11 и 12 септември. Иако можеме да го занемариме еден од овие датуми, јас сум сигурен дека Apple не би го организирал овој Keynote на терористички напад кој би се случил на 11 септември. Исто така не би се вклучиле и датумите од почетокот на септември бидејќи 3. септември е Денот на работата, јавен празник во САД.

Можеме да заклучиме дека 12 септември се чини како најлогичен датум.

Сега германскиот магазин, Macerkopf тврди дека овој податок го имаат од информациите кои ги собрале од мобилните оператори, кои наведуваат дека ќе почнат со преднарачките на 14 септември. Во случај сето ова да е точно, со многу малку сомнеж сигурно е дека презентацијата ќе одржи истата недела или неколку дена порано, ако ништо друго. Овој факт нас не води назад до два датуми; 11 и 12 септември. Како што веќе од порано споменавме дека 11 дефинитивно нема да биде презентацијата, па и со тоа можеме да се опкладиме дека тој датум ќе биде 12 септември.

Apple вообичаено испраќа службени покани при крај на август, така да нема многу долго да чекаме на тоа. Во секој случај сега барем имаме датум кој можеме да го заокружиме во календарот, иако истото треба да го направиме со молив и тоа во боја, но барем имаме почетна точка.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.