imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Samsung повеќе заработува од iPhone X отколку од Galaxy S8


А се работи за огромна разлика, отпrилика 4 милијарди долари – и тоа само ако ја гледаме вредноста на произведените делови. Не е ни чудно што Kuo пред неколку недели рече дека Apple што побрзо мора да престане да зависи од Samsung

Во секој случај, оваа ситуација совршено ја опишува состојбата на пазарот на паметни телефони: во прв план компаниите се заколнати непријатели, а во позадина зависат една од друга. Како и да е, Apple во овој случај е во подобра ситуација отколку ривалските компании. Полека, но сигурно, Apple му става крај на монополот на Samsung на пазарот на мобилни делови.

Apple вложува во LG за да може да ги спушти цените на OLED панлите, кои ги зголеми јужнокорејската компанија; се вклучија во битка за купување на Toshiba за сами да можат да произведуваат NAND чипови. Екипата од Купертино не може да излезе како губитник од оваа ситуација – тие секогаш ќе имаат доволен број на компоненти, но Samsung би можел да загуби многу пари.

За колку „многу” пари се работи убаво е покажано во истражувањето кое го спроведе компанијата Counterpoint Technology, а кое е објавено во Wall Street Journal. Споредувајќи ги податоците набавени од снабдувачите и другите извори, и проектирајќи ги во следните 20 месеци (тоа е вообичаен период во рамките на кој се продаваат најмногу уреди од моментот на нивното претставување), Samsung би можел да заработи дури 4 милијарди долари повеќе од продажбата на делови за iPhone X, отколку за Galaxy S8.

Сето тоа се темели на едноставна пресметка. Компонентите на Samsung ставени во Galaxy S8 вредат 202 долари, додека во iPhone X нивниот хардвер е вреден 110 долари. Овие бројки мораат да се помножат со бројот на продадени уреди и тогаш добиваме конечен резултат. Во Counterpoint сметаат луѓето ќе купат 130 милиони iPhone X уреди, додека Galaxy S8 ќе биде продаден во 50 милиони примероци во текот на животниот век. Заклучок: 14,3 милијарди долари од Apple, 10,1 милијарди долари од Galaxy S8.

Таквиот однос на Apple и Samsung дефинитивно не е нова работа. Пред повеќе од десет години, Lee Jae-yong, неодамна уапсениот внук на основачот на Samsung, Lee Byung-chul и Steve Jobs се договорија дека флеш мемориите на Samsung ќе одат во iPod-ите. Без оглед на меѓусебните расправии и тужби, овие две страни не се толку бесни едни на други во реалниот живот. Тоа го поткрепува и фактот дека наводно – Apple во проектите на Samsung се нарекува LO, односно Lovely Opponent.

Извор: Macrumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!