imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Samsung Galaxy S8 низ очите на Apple


Samsung Galaxy S8 и S8+ вчера беа претставени за јавноста. Овој телефон е најголеми ривал на iPhone, така што не можеме да поминеме покрај најновиот уред на Samsung без да кажеме нешто за него. Вчерашниот настан не донесе многу изненадувања, бидејќи Galaxy S8 можевме пред еден месец да го видиме на протечени фотографии и видео. Сепак, сега е официјално, и дојде време да позборуваме за најголемиот ривал на iPhone.

Samsung го изговори името на Apple за прв пат на некоја презентација. Да бидеме попрецизни, рекоа дека сакаат да бидат подобри од Apple. Очигледно дека досега работеа на ова, но со оваа изјава, официјално му објавија војна на Apple пред целиот свет. После тоа, ги претставија најдобрите модели од оваа категорија.

Беа претставени два нови уреда: Galaxy S8 и Galaxy S8+. Galaxy S8 доби 5.8 инчен екран, а S8+ доби 6.2 инчен Супер AMOLED дисплеј. И двата модела имаат иста резолуција од 2960 по 1440 пиксели. Овие големини на екранот најпрвин изгледаат огромни, но ајде да ги споредиме со оние на iPhone 7 или iPhone 7 Plus.

01_samsung_galaxy_s8_introduction

S8 е многу поголем од iPhone 7, но куќиштето на S8+ има иста големина како iPhone 7 Plus, иако е малку потенко. Екранот е поголем во двата случаја споредено со iPhone-от.

Во поглед на дизајнот, најдоброто нешто што можеше да им се случи на овие телефони е исчезнувањето на логото на Samsung од предната страна. Естетски изгледаше страшно, бидејќи кој би сакал цело време да зјапа во логото на компанијата на својот телефон? Веројатно знаете што телефон сте купиле во секој случај. Сега, Samsung се ослободи од логото на предната страна, а единственото место каде што може да се види е на задната страна. Следниот чекор треба да биде ускладување на микрофоните, звучниците, приклучокот за полнење и приклучокот за слушалки на дното на телефонот, што овојпат не се случи:

02_samsung_galaxy_s8_introduction

Сигурно ќе биде понепријатно да се користат овие огромни и долги дисплеи, и дефинитивно ќе треба да се помачите да стигнете со горниот дел на уредите. Сепак, мора да се признае дека S8 и S8+ се прекрасни уреди! Samsung дизајнираше два прекрасни производа, дури и според стандардите на Apple. Цената која ќе мора да ја платите за тоа се заоблените екрани кои отсега па натаму ќе бидат дел од телефоните. И покрај тоа што изгледа кул, тоа нема многу смисол, и во многу случаи прилично е напорно што содржината „се прелева надвор“ или се искривува околу рабовите на екранот. За возврат, телефонот изгледа неверојатно.

The LG G6 изгледа малку подобро во овој поглед. Доколку ги ставите LG G6 и S8 едед до друг, G6 изгледа попрактично, иако со подебелите рабови, не изгледа толку добро како Galaxy S8. Доколку сте корисник на Android, можеби ќе имате потешкотии кој уред да го изберете.

03_samsung_galaxy_s8_introduction

Home копчето исчезна од Galaxy S8, или барем физички не е каде што се наоѓаше порано. Присутно е само виртуелно, и постои решение слично како кај хаптичките повратни информации кај Apple, каде што ако повеќе притиснете на дното на екранот, дисплејот се притиска како копче.

Читачот на отисоци е сместен до камерата на задната страна од уредот, што не е најдобро решение. Прво, ќе имате отисоци насекаде врз камерата и второ, прилично е тешко да се пристапи до сензорот со лева рака. Исто така има ирис скенер за отклучување на уредот, и работи прилично добро според првите тестови. На овој начин, можете дури и да не го користите читачот за отисоци.

04_samsung_galaxy_s8_introduction

Што се однесува до хардверот, S8 доби Snapdragon 835 процесор и меморија од 4GB. Големината на батеријата не се промени, задната камера остана со f1,7 отвор и 12 мегапиксели, иако Samsung изјави дека овие телефони добиле попаметни процесори за обработка на сликите. Предната камера е 8 мегапиксели. Имаме 64GB простор за складирање кој може да се прошири со SD картичка. Она што е интересно е дека Samsung не ги ископира големините за складирање од Apple и не создадоа 64-128-256GB модели, но се уште користат SD картички. Тоа е дополнителна дупка во уредот, како и дополнителен проблем во менијата додека му кажувате на уредот што каде да стави. Тоа нема многу смисол, да не зборуваме за разликата во цените. Само погледнете како добро функционира варијацијата на цените според просторот за складирање во уредите на Apple. Покрај ова, новите уреди имаат IP68 загарантирана отпорност од вода и прав.

S8 исто така доби нов асистент наречен Bixby, и во теорија е попаметен од Siri. Тој не зборува на сите јазици, па ќе видиме колку ќе биде успешен. Камерата ги идентификува објектите, и многу работи се променија во одделот за софтвер. Ќе ни биде потребно многу повеќе да разговараме за ова, па погледнете го видеото подолу – кое е всушност прилично добро направено – да ги видите најважните нови карактеристики и подобрувања.

Големото прашање е: Дали Samsung успеа да создаде уред кој е iPhone-убиец? Па, да и не. „Да“ не се доведува во прашање ако се погледне дизајнот, бидејќи телефонот во многу аспекти изгледа подобро отколку iPhone, особено од предната страна. Боите исто така функционираат добро, а за работите што не функционираат можете да прочитате погоре во текстот.

Дизајнот е една работа; друга е софтверот кој се уште е Android, и тоа е она што не е баш добро. iOS е порафиниран и попријателски кон корисникот од Android, да не го споменуваме Apple екосистемот, од кој Samsung се уште е многу далеку. Секако, доколку ви се допаѓа Android, ќе можете да наброите листа од милион и една причина зошто е подобар од iOS, и тоа така треба да биде.

Една работа е сигурна: Samsung заврши одлична работа и S8 и S8+ најверојатно добро ќе се продаваат. (Преднарачките веќе почнаа). Сигурно ќе има луѓе кои ќе се префрлат од iPhone на некои од овие телефони, и S8 ќе биде еден од најдобрите, ако не и најдобар смартфон на пазарот во следната половина од годината. Сето ова ќе почне одново, кога наесен Apple ќе ја одржи презентацијата и ќе го претстави новиот iPhone без рамки околу екранот.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!