imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Sans Forgetica – Фонт за паметење


Па, можеби малку претерувам со ова „незаборавен”, но когнитивните научници од Институтот за технологија во Мелбурн тврдат дека ќе го паметите повеќе од било кој класичен фонт.

Никогаш немало подобар период за студентите. Базите на податоци, книгите, дигиталните белешки кои се достапни онлајн, документите кои можат да ги побараат, различните софтвери, Помодоро техниките, исчуканите тези кои можат лесно да се исправат и вистински развиените техники за откривање плагијати. Покрај тоа, сега е достапен и нов вид на фонт.

Когнитивните научници од Институтот за технологија во Мелбурн навистина веруваат дека успеале да развијат врвен фонт за студентите (и секако, за сите останати кои учат). Сето тоа го постигнале со помош на најновите резултати на истражувањето на когнитивната психологија и тестовите на паметење.

Во теорија, трикот е во тоа дека овој фонт може потешко да се прочита отколку вообичаените фонтови. Во секој знак се отстранети делови, но текстот и натаму може релативно добро да се прочита, иако обработката бара поголем когнитивен напор. Меѓутоа, оваа намерна потешкотија е клучот: мозокот е присилен да го обработи текстот во „подлабоки” слоеви, и благодарение на тоа, подобро ќе се сеќавате на содржината.

Во текот на развојот, најголемата потешкотија беше да се пронајде средината. Ни најлесните фонотови за читање, ни оние најтешките не можеа да резултираат со длабоки мемориски примероци. За да го пронајдат најприкладниот фонт, научниците вклучија 300 студенти кои учествуваат во мемориските тестови, и од тие резултати го избраа најефикасниот фонт.

За среќа, сега можете бесплатно да го преземете за Mac, како и за Windows. Исто така, достапен е и како екстензија за Chrome. Речиси би се осмелил да кажам дека едвај го чекам испитниот рок…

Извор: Sansforgetica

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.