imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Се чини дека корисниците најмногу го посакуваат новиот iPhone


Според новото истражување, се чини дека корисниците најмногу ги интeресира новиот уред, кој Apple ќе го лансира во септември.

Магазинот PC Mag праша 1.555 лица (наводно Американци) на кој смартфон најмногу му се радуваат во иднина. Се чини дека јадниот Samsung нема да се прослави со својот штотуку лансиран Galaxy Note 9, бидејќи резултатите од анкетата покажаа дека го очекуваат само 24 проценти од испитаниците,

Од друга страна, 42% испитаници рекле дека најмногу му се радуваат на новиот модел на iPhone, чие лансирање се очекува во септември. Останатите кандидати осетно заостануваат: Google Pixel 3 со 7%, LG V40 со 4%, Huawei Mate 20 со 3%, OnePlus 6T со 2%, а тука се и категориите „Други“ со 6% и „Ниеден“ со 11%.

Сепак, мораме да бидеме фер и да истакнеме дека дел од корисниците на iPhone преминаа на страната на Samsung. Имено, од 24% испитаници кои го очекуваат Galaxy Note 9, 76 проценти од нив веќе имале уред на Samsung, додека 8% преминале од iPhone на овој нов уред.

Секако, 1.555 испитаници е премала база за да извлечат доверливи заклучоци, па овие податоци е најдобро да се сметаат само за интересна информација.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.