imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Се поздравуваме со Angela Ahrendts, една од највлијателните лидерки на Apple


Иако технологијата не ја интересираше, беше една од највлијателните лидерки на Apple во последните пет години. Многумина сметаат дека можеше да стане наследник на Tim Cook. По 5 години работа, изненадно го напушта Apple. Еве го портретот на Angela Ahrendts.

Утринава не дочекаа навистина лоши вести – Angela Ahrendts го напушта Apple во април. Како виша потпретседателка на малопродажба и онлајн продавниците, беше задолжена и за физичките и за онлајн продавниците на компанијаѕа. Во Apple на оваа позиција помина 5 години. Гледајќи наназад на овој период, можеме цврсто да кажеме: тоа беа пет успешни години. Но, која е всушност Angela Ahrendts, како стана една од највлијателните лидерки на Америка, заработи повеќе од било кого од Apple и беше примена кај првата дама.

Родена е како Angela Jean Ahrendts во 1960. година во Индијана. Мајка и беше домаќинка, а татко и бизнисмен. Значи, и било судено да се занимава со бизнис. Во 1982. година заврши основни студии на Познавање стоки и маркетинг на државниот факултет Ball. Потоа се сели во Њујорк, сонувајќи дека ќе работи во модната индустрија.

Така и беше. Работеше за производителот на градници Warnaco и луксузните меѓународни брендови Donna Karan и Henri Bendel, кои се занимаваат со женски аксесоари. Својата прва водечка позиција ја доби во компанијата Fifth & Pacific во 1998. година, во која е промовирана на местото на виша потпретседателка на корпоративното познавање стоки и претседателка на групата. Нејзиниот трнлив пат ја води до Burberry, каде же работи како генерален директор на модната куќа во Лондон.

До навршени 46 години од животот, Ahrendts го постигна сето она за што сонуваше. Од студент на маркетинг се воздигна до врвот на британскиот реномиран моден бренд. Беше толку успешна како лидерка, што беше примена и кај Првата дама на Америка. По 17 години врска на далечина, се омажи за човекот кого го познаваше уште од основното училиште. Заедно подигаа три деца и живееја во 1100 метри квадратни на својот имот во Лондон, кој се простира на повеќе од три хектари.

Потоа, во 2014. година ја напушта модната индустрија и почнува да работи за Apple.

Тоа беше извонреден потег. Ahrendts сама изјави во едно интервју дека технологијата ни најмалку не ја интересира. Ова без размислување му го соопшти и на Tim Cook, кога ја праша да му се придружи на Apple. Тогаш отишла на разговор од чиста љубопитност. Многу лесно дојдоа до заедничките цели и ја поделија истата визија за иднината.

Прв пат кога седнав со него, заминав мислејќи, дека човекот влева мир. Едноставно го обожував неговиот интегритет, неговите вредности. Ништо што некој ќе го каже или ќе го напише нема да го натера да направи погрешна работа. Не само што се однесува до Apple, туку и луѓето кои работат за Apple, заедници, земји. На светот му требаат повеќе лидери како што е Tim.

Така по 30 успешни години во светот на модата, Ahrendts, која ни малку не ја сакаше технологијата, заврши работејќо за една од највлијателните IT компании во светот, во која и го доверија водечкото место на целиот малопродажен сектор. Со други зборови, беше задолжена за сите Apple Store и онлајн продавници. А тоа беше одлична одлука…

На нејзиното име можат да се припишат новиот дизајн и распоредот на Apple Store продавниците. На 15-годишнината од отворањето на првата продавница, ја редизајнираше водечката продавница во Сан Франциско, како пример на сите други локации.

Нејзината главна замисла беше да создаде социјален простор. Да ги избрише границите помеѓу улиците и продавниците. Од Apple Store продавниците да направи место, каде што луѓето ќе сакаат да навраќаат дури и ако немаат намера ништо да купат, место на кое можат да се сретнуваат.

Затоа засади дрвја и просторите го направи посветли и прозрачни. Уфрли огромни дисплеи и дрвен ентериер. Исто така, ги отстрани сигурносните кабли на уредите, со цел нивното користење да го направи уште поприродно. Во меѓувреме дојде и на идејата како што е Today.

А вработените ја сакаа. Ја сакаа затоа што редовно ги посетуваше продавниците и ги слушаше нивните проблеми. Но, воглавно ја сакаа затоа што ги третираше како клучни личности во продажбата, а не само како обични продавачи. Нејзиниот пристап совршено е опишан со нејзините сопствени зборови:

Само што ја завршивме годината со највисока стапка на задржување, која некогаш сме ја имале: 81%. А повратните информации од вработените во Apple продавниците наведуваат дека е така затоа што се чувствуваат поврзано. Се чувствуваат како еден Apple. Немаат чувство дека тука се само како некој кој работи со клиенти. Не ги гледам како вработени во малопродажба. Ги гледам како раководители во компанијата, кои ги доведуваат купувачите во допир со производите, кои Jony Ive и неговиот тим ги создавале со години.

Навистина вредеше за сите пари кои ги заработуваше, сума која што не беше мала. Кога во 2014. гоидна потпиша за Apple, само таа година заработи 73.351.124 долари. Тоа е речиси три пати повеќе од платата на нејзиниот најдобро платен колега Jeff Williams, кој во 2014. година заработи 24.403.235 долари. Исто така, тоа е далеку повеќе од платата на Tim Cook, која изнесува 9,2 милиони.

Не е ни чудо што стана најдобро платена лидерка на Америка и што повеќе пати се најде на листата на Forbes на 50 највлијателни жени во светот на бизнисот. Многумина мислеа дека откако ќе се повлече Tim Cook, ќе го заземе неговото место како генерална директорка на Apple. Но, тоа сега секако нема да се случи, бидејќи втор пат во животот, во својата 59. година, Ahrendts ќе почне нешто ново. Што е тоа? Се уште не знаеме, но едно е сигурно…

По 5 години напорна работа, Angela Ahrendts го напушта Apple.

Од официјалното соопштение за медиуми знаеме дека нејзините мотиви се пронаоѓање на нови деловни и лични предизвици и дека Deirdre O’Brien, претходната потпретседателка на People ќе ја преземе нејзината позиција. Постојат неколку објаснувања на оваа озненадна промена, од послабите квартални резултати до лични конфликти.

Вистината се уште не е позната. Но, на позициите како што е нејзината, послабиот квартал не би требало да биде толку значаен. Поради тоа би можело да биде разумно да се смета дека едноставно бара нови предизвици во помирно опкружување. Фактот дека ги дефинираше изминатите неколку години како стимулативен, предизвикувачки и исполнет период на својот живот, исто така, ја потврдува оваа теорија.

Последните пет години беше стимулативен, најпредизвикувачки и најисполнет период на мојата кариера. Низ заедничките напори на тимовите, малопродажбата никогаш не била посилна или во подобра позиција, за да му даде уште поголем придонес на Apple.

Сметам дека нема подобар момент за предавање на штафетата на Deirdre, една од најдобрите раководителки во Apple. Се радувам да гледам како овој неверојатен тим, под нејзино водство, ќе продолжи да го менува светот.

Според зборовите на Tim Cook, времето кое Ahrendts го поминала во Apple било инспиративно и и посака се најдобро во иднината. Како и ние. Со нејзиното заминување, компанијата губи вистинска, харизматична лидерка, чии визии уште долго време ќе ја дефинираат сликата на Apple

Во исто време, ја поздравуваме Deirdre O’Brien, чии 30 години искуство во работењето во Apple може да биде гаранција дека ќе ги третира продавниците на компанијата на најдобар можен начин. И дека онлајн и офлајн продавниците ќе бидат во најдобри раце.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.