imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Се што беше ИЗОСТАВЕНО од вчерашниот Keynote


Новиот Apple Watch, iPhone Xs, iPhone Xs Max и iPhone XR – новите уреди кои го преплавија вчерашниот Keynote. Но, кои уреди не ги видовме?

iPad Pro

Овој уред имаше најголема шанса за претставување. На почетокот на презентацијата имаа такво темпо што верувавме дека како “One more thing” ќе можат да го вклопат и новиот iPad. Таблет уредите немаат вообичаен термин на претставување и датум на лансирање, и лесно можеа да бидат претставени вчера.

Тоа можеше да биде iPad кој има дизајн идентичен на iPhone. Со Face ID, потенки рамки и OLED екран, додека Home копчето ќе биде отстрането. Можеби подоцна оваа година…

Mac mini

Gurman пред неколку недели зборуваше за тоа дека Apple по долги години молчење конечно ќе направи нешто со Mac Mini. Уредот кој беше фаворит на многумина и класично има најдобар однос на цената и квалитетот. Се додека полека не застари.

Поради тоа ажурирањето навистина беше потребно. Како што рече Gurman, не веше веројатно дека ќе го прикажат на годинашниот iPhone настан. Затоа не беше изненадувачки што ја пропуштија оваа прилика, дури и кога би се работело за тивка надградба.

MacBook Air

Истото се однесува и на MacBook Air, кој Gurman исто така го предвиде. И натаму сум скептичен за неговото можно постоење. Меѓутоа, кога ќе го претстават – воглавно оваа година – можеме да очекуваме тоа да биде во октомври.

iMac

И на крајот, но ништо помалку важно, можеме да очекуваме ист датум за надградба на iMac. Вистинско време е за тоа и можеме да очекуваме мал фејслифтинг. Но, навистина се радуваме на тоа. Баш како и во случајот на другите Mac уреди, се чини дека тоа можеме да го очекуваме во октомври.

AirPower

Уредот кој е најавен пред точно една година и натаму го опкружува мртва тишина. Можеби едноставно халуциравме минатата година и тој всушност никогаш не е ни најавен? Тажната вистина е дека навистина беше најавен, но се уште не е лансиран. Би било доста неагодно да го лансираа вчера. Но не, СЕ УШТЕ НИШТО.

AirPods 2, Apple слушалки

Да бидам искрен, навистина очекував голем хит од Apple, со нивни сопствени наглавни слушалки. На пазарот на слушалки навистина покажаа што имаат. Се надевав дека “One more thing” би можеле да бидат наглавните слушалки. Немаше одредени протекувања или гласини за оваа тема, тоа беше само сон кој можеше да се оствари. Сепак, и натаму постои шанса…

Истото вреди и за ажурирањето на AirPods. Ништо посебно, само мал фејслифтинг: подобар звук, подол век на траење на батеријата, поефикасно спарување итн. Можеби ќе пристигнат наскоро…

Тоа се сите уреди што Apple вчера не ги претстави. Без грижа, претставија многу нови функции, но мораат нешто да остават и за подоцна…

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.