imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Се што очекуваме од новиот iPad Pro


Исклучително тенки рамки, поддршка за надворешен екран, A12X процесор и уште многу работи…

Со приближување на божиќниот период и завршувањето на оваа година, вториот есенски Keynote е речиси неминовен. Очекуваме лансирање на надграден Mac и iPad Pro. Веќе напишавме зошто компјутерите на Apple заслужуваат ажурирање, па сега ќе му се посветиме на iPad Pro и на нашите желби и очекувања од новото издание на таблет уредот на Apple.

Како што знаете, минатиот викенд беше полн со вести за iPad Pro, а во ек на сето тоа, добивме порака од корисникот K1l1m6n:

Еј пријателе! Рендерите на MacRumors изгледаат грозно. Јас направив нешто баш за вас!

Поради тоа, ги комбиниравме информациите на Rambo, Kuo и Gurman, и ви го претставуваме нашето видување на новиот iPad Pro.

Според Kuo, Apple работи на два нови iPad Pro модели. Речиси нема сомневање дека димензиите ќе останат исти како од 2017. година, па очекуваме дека форматот нема да се менува. Меѓутоа, што ако дизајнот тргне по стапките на iPhone X, па новите уреди немаат рамки? Тоа би значело и доукинување на Home копчето, посебно затоа што iOS 12 овозможува управување со гестови и на iPad.

Сепак, ние очекуваме дека рамките исклучително ќе се намалат (отприлика на 6 мм). Засекот би можел да отпадне, бидејќи на горната рамка би имало доволно простор за сместување на сите сензори и камери за Face ID. Инаку, што се однесува до Face ID, важно е да се нагласи дека Apple би требало да поработи на таа технологија. Би морала да може да работи во повеќе насоки, значи и тогаш кога iPad се користи во хоризонтален начин на работа.

Со оглед на тоа дека сите очекуваат iPad со дебелина на хартија, речиси е сигурно дека нема да има стаклена задна страна. Меѓутоа, сметаме на лентите антени по примерот на iPhone 7, со класични заоблени рабови. Камерата би можела да биде како онаа на iPhone XS или iPhone XR, a Smart Connector би можел да биде преместен на задната страна.

Точните димензии на уредот би можеле да бидат 178,52 x 247,64 x 5,86 mm во случај на помалиот модел, што е 0,2 мм потенко од постоечкиот 10,5-инчен iPad Pro. Поголемиот, 12,9-инчен модел би можел да биде со големина 215 x 280,66 мм, а двата уреда би можеле да имаат рамки со дебелина од 6 мм.

Најмногу копјата се кршат околу прашањето на конекторот. Многу извори наведуваат дека ова би можел да биде прв iOS уред со USB-C поддршка. Според Rambo, овој конектор би овозможил поддршка за 4K HDR, така што уредот би можел да се поврзе на надворешен екран. Иако оваа идеја им одговара на актуелните визии на Apple, јас би се обложил на безжично решение.

Исто така, можно е отстранување на 3,5-милиметарскиот влез за слушалки, што повторно го доведува во прашање воведувањето на споменатиот USB-C конектор. Дали Apple ќе се одлучи на целосно безжичен пристап?

Безжичното полнење сепак е помалку веројатно, но OLED екранот од 120 Hz е реален избор, па можеме да почнеме да шпекулираме и за цените. Ваков уред би можел да се продава по прилично висока цена, бидејќи се работи за прв уред со OLED екран со таква големина. Во тој поглед зборуваме за голем чекор напред, во поглед на боите и енергетската ефикасност.

Сега кога ја споменавме енергетската ефикасност, мораме да го споменеме и процесорот, кој би можел да биде именуван A12X. Паметните решенија за зачувување на батеријата на процесорот A12 Bionic во спој со перформансите на Neural Engine со осум јадра би резултирале со вистински ѕвер.

На крајот, тука е и AirPencil, дигитално пенкалце кое би можело да се потпира на NFC за поврзување, баш како AirPods.

Иако се уште нема официјален датум на лансирање на новиот iPad, се обложуваме дека нема уште долго да чекаме…

Илустрациите користени во текстот се дело на Viktora Kádár, aka. K1l1m6n. Ако ви се допаѓа неговата работа, фрлете око на неговиот концепт на MacBook Pro, кој го смисли врз основа на нашите описи. Исто така, можете да го следите на Instagram и Behance, а ние сигурно ќе го искористиме и за идните текстови.

Извори: Macrumors , Macworld, 9to5mac

 

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.