imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Сè што треба да знаете за новиот iPad mini



Сè повеќе доверливи и помалку доверливи гласини, документации и знаци, укажуваат на тоа дека Apple ќе го претстави новиот iPad mini.
Кога би можело тоа да се случи? Еве се што дознавме досега…

Еден од најпопуларните Apple уреди е iPad mini, како што тоа е iPhone SE во случајот на паметните телефони.. Има еден совршен сооднос цена-вредност, во помали димензии, практичен е и кога станува збор за перформансите, не морате да правите многу компромиси. Единствениот проблем е што последниот и моментално актуелниот модел iPad mini 4 е претставен во септември 2015 година. 


Се повеќе знаци укажуваат на тоа дека Apple наскоро ќе претстави нова генерација на iPad: iPad mini 5.
 Кога би можело да се случи тоа? Немаме сигурни информации, но ќе споделиме со вас се што знаеме врз основа на гласините:

Дизајн

Сите знаци укажуваат на тоа дека нема да има значителни промени кога станува збор за дизајнот. Нема да има екран без рамка, Face ID и остри рабови, како што е во случај кај новите iPad Pro уреди. Слободно можеме да кажеме дека дизајнот е помалку возбудлива промена кај iPad mini. Нашите сомнежи ги потврдуваат и фотографиите кои наводно го прикажуваат новиот уред.

Спецификации

Сегашниот модел iPad mini содржи A8 процесор, кој на вам можеби ви е познат, поради iPhone 6. И без тоа можеме да заклучиме дека процесорот ќе биде ажуриран. Каков би можел да биде?


Моменталната “помалку скапа” iPad верзија , iPad од 9.7 инчи содржи A10 Fusion процесор. Tој би можел да биде добар избор за новиот iPad mini. Тој е постар, но вреди.

Кога е во прашање екранот, се зборува дека би можел да има помал панел, баш како и кај iPad од 9.7 инчи. Значи не 120 Hz, ламиниран екран или други посебни додатоци. Исклучително едноставен екран од 7.9 инчи, со прилично ниска, но сосема прифатлива резолуција.

Може да се случи овој мал уред да има потреба од Apple пенкала. Затоа што Apple ја избриша Pro ознаката, претпоставуваме дека подршката лесно ќе се интегрира во помали уреди.
Можноста за подршка на смарт тастатури – иако веќе се зборуваше – не е баш разумна. Колку би можела да биде корисна оваа тастатура?

Цена


Јасно ви е дека постојат доста компромиси : исти дизајн, нов хардвер, екран пониска категорија.. ништо посебно. Меѓутоа, тоа би можело да биде и предност : цената би можела да биде поволна. Сите извори тврдат дека цената на новиот iPad 5 би можела да биде ниска или многу ниска.
Со оглед на тоа дека iPad 9.7 инчи е 329 долари, би била вистинска одлука цената на новиот iPad да биде под 300 долари. Кога тоа би било вистина, тогаш оваа понуда би била перфектна.

Датум на стартување

Звучи добро, зар не? Дали би го купиле? Па можеби и не треба да чекате многу. iOS 12.2 моментално се наоѓа во бета фаза на тестирање , и токму тој ги откри првите траги од новиот iPad mini. Така да лансирањето на новиот производ би можеле да го очекуваме дури и на пролет.

Се сеќавате на случувањата претходната година во март? Apple на своите т.н Едукативни случувања го претстави новиот iPad 9.7 инчи. Имајќи го тоа во предвид, iPad mini 5 може да го сметаме за помал брат на овој уред, надевајќи се дека новиот уред може да се појави оваа пролет. Ние сакаме да го имаме. А вие?

Извор : 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.