imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Се што треба да знаете за персонализација на вибрациите на iPhone


Како и кај звучните известувања, iOS нуди многу опции за персонализација и вибрации. Заиграјте се со можностите и создадете совршен систем на вибрирање, точно прилагоден на вашиот вкус и потреби.

Вашиот iPhone според зададените поставки има два вида известувања – звучни и вибрациски. Ако го вклучите прекинувачот Mute, сите звуци ќе бидат исклучени, но уредот и натаму ќе вибрира при примањето известувања. Овие зададени поставки веројатно се оптимални сите корисници, но во некои ситуации можеби е потребно да се исклучи и вибрирањето.

Што можете да персонализирате

Можете да бирате помеѓу осум зададени примероци и да ги доделувате на различните видови известувања, така што веќе по видот на вибрацијата знааете кое известување го добивате. Можете на различните контакти да им доделите посебни видови на вибраци, така што веднаш знаете кој сака да ве добие. А ако овие опции не ви се доволни, можете да бидете креативни и само да изработите примероци на вибрирање, па да ги додадете во било кое известување или контакт.

Доделување на различни вибрации за различни известувања

iOS ви овозможува персонализација на целата низа примероци, но овие примероци не можат да им се доделатѕ на индивидуалните апликации. Еве ја целата листа известувања чии вибрациски примероци можете да ги прилагодите (како и звучното известување):

  • Дојдовен повик
  • Дојдовна порака
  • Нова гласовна порака
  • Известување од Календар
  • Известување од Потсетник
  • AirDrop

За да го персонализирате вибрацискиот примерок на одредено известување:

  1. Одете на Поставки > Звуци и вибрации.
  2. Одете на Звуци и примероци на вибрации.
  3. Изберете го видот на известувањето кое сакате да го персонализирате.
  4. Притиснете Вибрација на врвот.
  5. Изберете една од осумте понудени опции или изработете нова.

Ќе забележите дека во секој вид известување, автоматски е доделена вибрацијата Synchronized – тоа значи дека примерокот е ускладен со звукот за известување, што е прилично корисен детал. (Токму тие ситници ги прават уредите на Apple толку добри!)

Како да се креираат и доделат персонализирани вибрации

Можеби ниту еден од понудените примероци на вибрирање не ви се допаѓа. Нема врска, iOS ви нуди можност самите да креирате своја вибрација. Ако сакате да и се препуштите на фантазијата, следете ги следните чекори и изработете сопствен примерок на вибрација.

  1. Одете на Креирај нова вибрација.
  2. Допрете го екранот за да создадете примерок, а потоа притиснете Stop.
  3. Притиснете Play за да ја тестирате вибрацијата.
  4. Ако не ви се допаѓа, можете да снимите нова со притискање на копчето Record.
  5. Кога сте задоволни од резултатите, притиснете Сними и доделете и име.

Новиот примерок ќе се прикаже во одделот Прилагодено во менито Вибрации, а можете да го користите за различните известувања или да го доделите на контактот.

Ако сакате да му доделите на контактот нов примерок на вибрација:

  1. Одете на Телефон или Контакти.
  2. Изберете го контактот од листата и притиснете го.
  3. Притиснете Уреди во горниот десен агол.
  4. Изберете Звук на повик или Звук на порака, зависно од тоа кое известување сакате да го поставите.
  5. Потоа притиснете Вибрација.
  6. Изберете еден од понудените примероци или снимете нов.
  7. Вратете се на претходното мени и притиснете Готово во горниот десен агол за да ги потврдите промени.

И тоа е тоа, од сега ќе знаете кога избраното лице ве повикува или ви испраќа порака, дури и кога уредот е поставен само на вибрација. Со малку време и труд, можете да смислите софистициран систем кој за вас ќе има целосна смисла и дополнително ќе ја олесни секојдневната употреба на iPhone.

Користите ли персонализирани вибрации? За кои известувања?

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.