imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Се што знаеме досега за функцијата Sidecar


Во одличниот завршеток на WWDC презентацијата, функцијата што ја зголемува употребливоста на iPad уредите на едно ново ниво, не доби доволно внимание. Сега собравме сè што знаеме за Sidecar што ќе дебитира во MacOS Catalina.

Кога дојдовме до делот за Mac на WWDC Keynote, компанијата започна со новите Mac Pro и Pro Display XDR. Меѓутоа, ако се уште успеавте да обрнете доволно внимание, можевте да забележите дека MacOS Catalina има и некои интересни нови функции.

Меѓу другото, новата Sidecar функција, со која можете да го поврзете iPad како секундарен дисплеј на вашиот Mac, а гордите сопственици на новите iPad Pro може и да работат на екранот, користејќи ја втората генерација на Apple Pencil. Сепак, повеќето важни детали не беа откриени досега и Apple не објави ниту еден официјален напис за оваа тема.

Затоа беше претставена иновација која со нетрпение ја чекаме и која може да ја подобри секојдневната употребливост на iPad уредите за професионалци. Се разбира, таа покрена и многу прашања за кои не знаеме многу и компанијата немаше доволно време да ги објасни за време на презентацијата.

Како и да е, откако беше објавена првата бета верзија за програмери, добивме се повеќе и повеќе одговори на овие прашања и се обидовме подетално да ги опишеме.

Да ги видиме оние најважните.

Кои уреди поддржуваат Sidecar?

Било кој iPad што работи на iPadOS:

  • iPad Pro 9.7”
  • iPad Pro 12.9”
  • iPad Air 2
  • iPad mini 4
  • 3. ген. iPad Air
  • 5. ген.iPad mini
  • 5 и 6. ген. iPad
  • 2. ген. iPad Pro 10.5”
  • 2. ген. iPad Pro 12.9”
  • 3. ген. iPad Pro 11”
  • 3. ген. iPad Pro 12.9”

Од колекцијата на Mac уреди:

  • iMac 27” доцна 2015 или понов
  • MacBook Pro 2016 или понов
  • mac Mini 2018
  • Mac Pro 2019
  • MacBook Air 2018
  • MacBook рана 2016 или понов

Треба да ја прифатите листата на поддржани уреди со сомнеж, бидејќи информациите доаѓаат од белешките на програмерите и Apple се уште не ја објави листата на официјално поддржаните уреди.

Како да ги поврзам моите уреди?

Sidecar работи со жична и безжична конекција. Кога станува збор за жична врска, клучот е USB-C приклучокот, со кој не можете да ги поврзете само iPad моделите со USB-C, туку тоа можете да го направите со постарите таблет уреди со Lightning порт, иако за тоа ќе ви треба трансформатор или адаптер Lightning to USB-C.

Во случај на безжично поврзување, уредите не ja делат WiFi мрежата, но се поврзуваат едни со други преку Bluetooth и работат совршено во опсег од 10 метри.

За да креирате конекција, не треба да инсталирате зададени апликации или уреди, можете да ги овозможите сите потребни опции во System Preferences. Сепак, многу е важно да се напомене дека можете да ги поврзете само оние уреди кои имаат ист Apple ID, што значи дека треба да се логирате и на двете со вашето корисничко име и лозинка.

Може ли да го отсликам мојот iPad на Mac?

Бидејќи станува збор за карактеристика на macOS 10.15, делумно е очигледно дека не станува збор за двострана опција. Функцијат беше исклучиво развиена за да го огледате приказот од вашиот Mac на вашиот iPad, а не обратно.

Што друго знае Sidecar освен mirroring?

Само да си поиграме малку со буквите, ако го користите Sidecar, добивате друга функција наречена Sidebar со Sidebar, односно можете да ги прикажете најчесто користените контролни команди на левата или десната страна на екранот на вашиот iPad. Покрај тоа, на екранот можете да поставите и неколку кратенки и TouchBar елементи.

Дали работат функциите од Touch Bar?

Не само што работат, туку и можете да стигнете до TouchBar функциите на проширените прикази на оние Mac компјутери, кои оригинално ја немаат оваа опција (на пример, MacBook Air).

Дали iPad работи како инпут уред?

Да, но само со Apple Pencil. Попрецизно, се чини дека само со 2. генерација на Apple Pencil и само кај новите 11 и 12,9 инчни iPad Pro модели, иако Apple сè уште не објави официјални документи за оваа тема.

Во прилог на поддршката за Apple Pencil, исто така е неопходно дадената апликација да има поддршка за т.н. Table Events. Овие апликации се во прогрес.

Кои апликации моментно го поддржуваат Sidecar?

Покрај Adobe, кој промовираше на Keynote презентацијата, многу други програмерски компании работат за да можат да ја добијат поддршката за Sidecar н нивните креативни апликации. Во моментов, веб-страницата на Apple ги наведува следниве поддржани апликации:

  • Adobe Illustrator
  • Affinity Designer
  • Affinity Photo
  • Cinema 4D
  • CorelDRAW
  • DaVinci Resolve
  • Final Cut Pro
  • May
  • Motion
  • Painter
  • Principle
  • Sketch
  • Substance Designer
  • Substance Painter
  • ZBrush

Покрај iPad, дали можам да поврзам други дисплеи на мојот Mac?

Да, иако во тековната фаза на бета верзијата не можете да поврзете повеќе iPad уреди, веројатно тоа ќе биде опција во поновите бета. Како и да е, вистина е дека сѐ уште можете да креирате прилично добра работна станица од Mac, секундарен дисплеј и вашиот iPad.

Се разбира дека е невозможно да се размислува за сè, па ако се уште имате прашања во врска со оваа темата, не двоумете се да не прашате! Ветуваме дека навистина ќе се нурнеме длабоко во секое прашање.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.