imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Се за новиот watchOS 6


Новиот watchOS 6 ќе биде објавен во септември, а донесува нови апликации, нови трендови и сосема нов App Store.

Се чини дека Apple продолжува со својот тренд на здравје, а во склад со тоа, најновата програма на нивниот паметен часовник донесува иновации и на тоа подрачје. Иако watchOS никогаш не е спектакуларен како новиот iOS или macOS, јасно е видливо дека развојот на овој водечки паметен часовник на пазарот е приоритет на компанијата.

Да погледнеме какви се иновации ќе донесе новиот watchOS во септември!

Здравје и вежбање

Претставена е нова апликација, Cycle Tracking, наменета за жените. Нејзината цел е да ги замени сите други апликации за следење на менструалниот циклус. Сега се што ви треба имате на својот часовник, а ќе постои и соодветна апликација на iOS 13. Оваа иновација би можела да биде корисна за сите дами, посебно затоа што програмерите внимавале на сите детали за да создадат доверлива и смислена апликација.

Исто така, најавена е и апликацијата Noise. Искрено, мене не ми е јасно зошто би им требало такво нешто на корисниците. Би можела евентуално да провери колкаво е нивото на врева на некој концерт. Јас веројатно не сум доволно заинтересиран за влијанието на вревата на моето здравје, но сигурен сум дека постои целна група корисници за оваа апликација.

На крајот, прстените за активности добија нов таб. Сега со прстените можете да ги видите и трендовите за својата дневна активност. Оние кои се сакаат да следат на организиран начин, ова ќе биде убаво изненадување. Мислите ли дека вака полесно би можеле да освоите дополнителни значки?

App Store и апликации

Можеме да очекуваме и радикална промена во врска со App Store. Иако часовникот имаше свој App Store, досега требаше да ја преземете апликацијата за часовникот на својот iPhone. Меѓутоа, од сега App Store на часовникот ќе биде самостоен, а апликациите за часовникот и iPhone ќе бидат одвоени. Тоа значи дека повеќе нема да треба да ги инсталирате апликациите за часовникот на iPhone.

Останати додатоци

    • Тука се новите, динамични лица на часовникот, кои ќе можат да се персонализираат.
    • Апликацијата Гласовни потсетници од сега ќе биде достапна на Apple Watch, што значи дека белешките ќе можете да ги диктирате и на часовникот.
    • Благодарение на новата Auidobooks апликација, ќе можете да слушате аудио книги и на часовникот.
    • Зададената апликација Calculator исто така ќе биде достапна на watchOS 6.
    • Siri пребарувањето ќе се прикажува директно на часовникот.

Новиот watchOS ќе може да се постави на сите модели на Apple Watch (освен на Series 0).

Кои други иновации би сакале да ги видите на Apple Watch?

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.