imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Сега можете да го заклучите WhatsApp со биометриска автентикација


Благодарение на најновото ажурирање на апликацијата, ќе можете да ги читате разговорите само со Face ID или Touch ID; секако, ако тоа го сакате.

Меѓу Facebook услугите за чет (Facebook Messenger, Instagram пораки, WhatsApp), WhatsApp без сомневање е најсигурен, бидејќи пораките се испраќаат со end-to-end енкрипција, така што само испраќачот и примателот можат да ги прочитаат. Сега, со најновиот апдејт, апликацијата дополнително ја зголемува сигурноста.

Од сега, корисниците можат да ја заклучат апликацијата со биометриска автентикација. Во пракса, тоа значи дека ако ја вклучите оваа функција, апликацијата можете да ја отворите само со помош на Face ID или Touch ID, дури и ако вашиот телефон е отклучен.

Се што треба да направите е да ја ажурирате апликацијата преку App Store на 2.19.20 верзијата, потоа да влезете во Settings и да ја вклучите оваа опција во менито Account/Privacy. Важно е да се напомене дека дури и да ја вклучите оваа опција, новопристигнатите пораки и натаму можат да се прочитаат на заклучениот екран. За тоа да го спречите, одете на Settings > Notifications > Show Previews и променете ја зададената поставка.

Исто така, интересен е и фактот дека поради овие безбедносни функции на апликацијата WhatsApp, под знак прашање е како Facebook ќе успее да ги спои своите чет услуги во една платформа, бидејќи останатите немаат толку кул функции како што има WhatsApp.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.