imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Секој чекор нека биде важен – активирајте го скриениот педометар на iPhone


Здравиот живот не треба да биде тежок или комплициран. Уживајте во неверојатно добрите здравствени предности на одењето и секојдневно бројте ги поминатите чекори со својот iPhone. Ќе ви покажеме како можете да ја активирате скриената функција на бројач на чекори.

Одењето е прва вежба која ја препорачуваат сите доктори за подобро физичко и ментално здравје и за подобрување на расположението. Ако имате седечка работа, и деновите ги поминувате на биро пред компјутер, физичката активност е многу важна. А што е поедноставно од одењето? За прошетка не треба да бидете во врвна форма, а ви требаат само удобни патики и малку време. И секако, целосно е бесплатно.

Зошто да ги броите чекорите?

Помеѓу бројните предности на пешачењето можат да се набројат подобрувањето на имунитетот, снижување на шеќер во крвта, намалување на можностите за заболиување од срцеви болести, согорување калории, поодбрување на расположението и креативното размислување и уште многу работи. Дали веќе се уверивме? Во тој случај сигурно ќе сакате да знаете колку пешачите секој ден. Иако се препорачува 30-минутно дневно шетање со побрзо темпо, почесто оваа прошетка ја одработуваме додека ги извршуваме домашните работи, одиме во продавница и генерално ги извршуваме дневните работи. А бидејќи секој чекор е важен, паметно е да ги броите. Добра вест е дека не ви треба никаков посебен уред за тоа. Своите чекори можете да броите и на iPhone.

Како да ги броите чекорите на iPhone?

Постојат два начина своите поминати чекори да ги броите на iPhone: 1. со користење на зададената функција на бројачот на чекори во апликацијата Health или 2. со избор на една од бројните апликации од трета страна.

Предностите на зададената функција се очигледни: веќе е вградена во апликацијата Health, лесно се користи и доверлива е. Уште повеќе, совршено е ускладена со хардверот – посебен чип од M-серијата е задолжен за собирање на сите сензорски податоци од акцелерометарот, жироскопот и компасот, кои се вградени во вашиот iPhone и врз основа на нив го препознава и мери движењето. Благодарение на овој чип, вашиот iPhone може ефикасно и прецизно да го мери секој ваш чекор. Само е потребно оваа функција да ја активирате.

Употреба на апликацијата Health за броење на чекорите

Најпрвин треба да го овозможите следењето на движењата на својот iPhone, ако таа функција не е веќе вклучена.

Постапката е многу едноставна:

  1. Отворете Postavke > Приватност > Движење & Кондиција.
  2. Вклучете го прекинувачот за Следење на кондиција.

Од сега вашиот iPhone ќе ги следи вашите чекори. Сега треба да го активирате следењето на чекорите во апликацијата Health. Ако веќе не сте, внесете ја својата височина за уредот поточно да ја процени должината на вашиот чекор.

За тоа да го направите:

  1. Отворете ја апликацијата Health.
  2. Притиснете го табот Здравствени податоци на дното на екранот.
  3. Одете на Мерките на телото.
  4. Допрете Висина, притиснете ја иконата + и внесете ја својата висина. Ако сакате, можете да ги внесете и податоците за тежината.

Додајте ги чекорите на работната површина во апликацијата Health

За да го додадете броењето на чекорите во прегледот на Денешното известување во апликацијата Health, морате оваа функција да ја додадете во Favorites.

  1. Притиснете го табот Здравствени податоци.
  2. Изберете Активност.
  3. Одете до опцијата Чекори и изберете ја.
  4. Вклучете го прекинувачот Додај во Favorites. 

Сега лесно можете да ги следите своите чекори во апликацијата Health. За жал, нема виџети за оваа функција во прегледнот на денешните известувања, па ако сакате да ги видите поминатите чекори без отворање на апликацијата health, употребете некоја апликација од трета страна. Меѓу најдобрите и најдоверливите е популарната апликација Pedometer++.

Употреба на апликацијата Pedometer++ за броење на чекорите

Pedometer++ е одлична и бесплатна апликација која ги брои вашите чекори. Користи податоци од вградениот сензор, ги прикажува вашите поминати чекори, и – ако сакате – во облик на виџети во прегледот на денешните известувања.

Уште повеќе, ви овозможува и поставување на дневна цел (зададената вредност од 10.000 чекори дневно). Вашите постигнувања јасно се прикажуваат во графиконот – ако сте далеку под целта, лентата ќе биде со црвена боја. Како се приближувате до целта, ќе се менува во портокалова и ќе стане зелена кога ќе ја остварите зададената цел. Секој месец ќе добивате предизвици, кои со разни награди ќе ве мотивираат повеќе да одите. Исто така, откако ќе ја инсталирате оваа апликација, дајте и дозвола да ги користи податоците на Движење.

Колку чекори дневно треба да направите?

Pedometer++ и низа други слични апликации и фитнес уреди автоматски поставуваат цел од 10.000 чекори дневно. Дали оваа бројка, која поголем дел од луѓето тешко ја остваруваат секој ден, е навистина точна? Иако одлично изгледа, бројката од 10.000 чекори случајно ја избра една јапонска маркетиншка компанија кон средината на 60-те години при рекламирањето на првиот носечки уред за броење на чекори наречен manpo-kei (бројач на 10.000 чекори). Овој број уште тогаш е доведен во прашање како реален.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.