imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Секој може да ги прочита Вашите пораки на Gmail


Иако Google вети дека повеќе вакви работи нема да се случуваат, трети лица навистина можат да влезат во Вашите пораки на Gmail. Се откри дека не само роботи туку и вработените луѓе можат да ги прочитаат Вашите лични мејлови.

Претходната година од Google известија дека ќе следат нови директиви кога се во прашање корисничките сметки на Gmaill. Со ова ветија дека повеќе нема да ги користат приватните мејлови за маркетинг. За жал, сите овие мерки со кои се почитува дигиталната приватност повеќе се заллудни. Сето ова се случува поради пристапот на надворешни лица кои можат да прават што сакаат со Вашите пораки.

Wall Streen Journal има одлична улога во овој скандал

Интернетот експлодираше токму поради ова. Лично мене не ми е јасно нагодувањето, бидејќи сè се врти околу следново: доколку крајниот корисник дозволлува пристап до личните мејлови, оние поединци кои сакаат да имаат пристап до истите, се разбира дека ќе ги искористат. Очигедно е дека повеќето луѓе автоматски одобруваат речиси сè, без да прочитаат што е наведено за да го одобрат истот. Па со тоа и од време на време тие ќе бидат изненадени од ова па потоа следуваат прашања, се плашат и се шокираат.

Сепак, помалку е и шокантно дека не само алгоритмите можат да ги проверат анонимните пораки, во морето на Big Data, туку и вработените. На пример компанијата Return Path се бави со собирање на информации од електронски пораки. Истата компанија може да ги користи пораките во нивните маркетинг кампањи кои подоцна ги продаваат за огромни суми на средства. Наводно, тие би можеле да добијат пристап до 2 милиони на кориснички сметки. Со што ќе остават 8.000 непроменети мејлови да ги читаат нивните вработени.
Звучи непријатно?

Како и да е, треба да знаете што да одобрете, а што не. Бидејќи доколку не обратете внимание најразлични компании истото можат да го злоупотребат. Сепак, Google ни овозможува да видиме што имаме одобрено, со што истото можеме да го вратиме назад. Што значи до сега на ова немате дадено премногу значење, сега е моментот да проверите, бидејќи никогаш не е доцна.

Од Apple пак ја објавија својата веб страна за податоци и приватност каде можете да проверите кои Ваши податоци ги има компанијата.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.