imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Setapp: Една претплата над сите


Ако сакате да слушате музика, обично се претплатувате на Spotify. За гледање на серии, тука е Netflix. Ако ви треба простор за складирање, вложете во поголемиот iCloud пакет. Но, на што треба да се претплатите ако ви требаат апликации? Одговорот е едноставен: Setapp.

„Има апликација за тоа“ е реченицата која ја обележа ерата на првите апликации. Ова тврдење  и натаму стои. Всушност, можеби никогаш не била поактуелна. Накратко, сега имаме апликација буквално за се.

Истовремено, и системите на претплата го поминуваат својот златен период. Во денешниот свет, поголем дел од корисниците се претплатени на некоја услуга за слушање музика и гледање филмови и серии, а се повеќе апликации преминуваат од системот на еднократно плаќање на систем на претплата.

Екипата на MacPaw, со средиште во Киев, успеа да ги обедини претплатите и апликациите во рамки на системот наречен Setapp. Имено, се работи за услуга за претплата посветена на апликации. Би можеле да кажеме дека се работи за верзија на App Store. На пример, апликациите CleanMyMac и Gemini (за кои сигурно сте слушнале) се поврзани со таа услуга.

Зошто Setappp е толку добра? Ќе ви објаснам на пример. Да претпоставиме дека имате некои столарски работи дома кои можете сами да ги направите, но ви недостасива соодветен алат. Поради тоа, одите во продавница и купувате се што ви треба, иако знаете дека тој алат ќе го употребите само во таа прилика. Во превод, фрлате пари, но не поради разонода, туку поради сплет на околности. Да имате повеќе среќа, некои од вашите соседи или роднини би го имале тој алат и би ви го позајмиле.

Зар не би било подобро да можете да потрошите помалку пари и да го вложите во работилница полна со алати од која можете секогаш да позајмите некој алат што ви треба? Со оглед на тоа дека се работи за професионална работилница, на располагање би ви бил исклучително квалитетен алат кој инаку никогаш не би го купиле, бидејќи е прескап, но би работеле токму со него.

На овој начин би го решиле својот тековен проблем, но и сите идни проблеми врзани со домашните работи, бидејќи за одредена месечна сума на располагање секогаш би имале се што ви е потребно.

Верувам дека ја разбирате аналогијата: алатите се апликации, а работилницата е Setapp. Принципот на работа не може да биде поедноставен: се претплатувате на таа услуга, и добивате пристап речиси до стотина внимателно избрани апликации. Каква апликација и да ви затреба, сигурно ќе ја пронајдете во Setapp.

Ќе издвојам само неколку: CleanMyMac, Bartender, ForkLift, Paste, BetterTouchTool, Polar, Ulysses и iMazing. Тука се и нашиот омилен Timing, кој го тестиравме, па дури и Uncluter. А тоа е само врвот на сантата мраз, бидејќи Setapp крие многу апликации од сите замисливи категории. Да ви потреба било која од нив, лесно би можеле да ја платите исто како и месечната претплата на Setapp…

Секако, ако ви треба обичен чекан, ќе го купите, а не да го изнајмите. Истото вреди за Setapp – добро е да ја имате поради апликациите кои ви требаат само во одредена прилика, а не на редовна база. Или пак за апликациите кои сакате само да ги испробате.

Ако темата на овој текст ви го привлече вниманието и би сакале да ја испробате Setapp, нема ништо да загубите со бесплатната седмодневна trial верзија. Ако заклучите дека навистина ви треба, претплатете се, бидејќи месечната претплата изнесува 10 долари, а можете да ја запрете во секој момент. Во следните недели ќе испробаме што е можно повеќе апликации кои ги нуди Setapp, за да ви дадеме подобра слика за вредностите на оваа услуга.

Веќе ви претставивме бројни апликации кои се меѓу најпопуларните во Setapp:

Flume – Совршен Instagram клиент за Mac
Typeface – Достапен менаџер за фонтови на Mac
CleanMyMac X – Најдобра апликација за чистење на Mac
Gemini 2 – Заборавете на дупликати!
Xmind – Одлична Mac апликација за ментално мапирање
Bartender – Важно е да се биде уреден
Boom 3D – Оптимален звук за вашиот Mac
Dropzone 3 – Големиот господар на Drag & Drop

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.