imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Show Time: Следниот настан на Apple ќе се одржи на 25. март


Како што и очекувавме, Apple ги испрати поканите за новиот настан кој ќе се одржи на 25. март во 20 часот по средноевропско време, а во фокусот ќе бидат услугите.

Гласините се потврдени – Apple својот прв годинашен посебен настан ќе го одржи последниот понеделник во март во Театарот Steve Jobs и се очекува вистински спектакл.

Поканата не открива премногу, но Tim Cook веќе навести што можеме да очекуваме. Меѓутоа, поканетите го добија следниот GIF:

Овој израз Show Time би можел да се однесува на нови услуги. Веќе се зборува за Apple News, новата претплатничка услуга која би ви овозможила пристап до различните новини и магазини по фиксна цена. Секако, тоа првенствено го покрива американскиот пазар и публикациите како Washington Post, Wall Street Journal ili New York Times, но кој знае што се ќе биде вклучено.

За нас Европјаните многу поинтересна е услугата, која нагалено можеме да ја речеме Netflix на Apple. Единствено што знаеме е дека почнале да подготвуваат многу единствени содржини и емисии и дека соработуваат со бројни ѕвезди како Jennifer Aniston, Reese Witherspoon, Jennifer Garden и J. J. Abramsom.

Секако, поголем дел од обожавателите најмногу се заинтересирани за хардвер, а 2019. година би можела да биде нивна година. Според неодамнешните вести, оваа година не очекуваат многу надградби и нови производи. Речиси сме сигурни дека пристигнува седмата генерација на iPad и новиот iPad mini. Но, можеби се работи за тивки надградби, кои нема ни да бидат споменати на овој настан.

Долгоочекуваната надградба на AirPods и лансирањето на AirPower би можело да се случи во исто време, но немаме никакви информации кога би можело тоа да се случи.

Освен новите iPhone и MacBook модели, оваа година очекуваме лансирање на Apple монитор, надградба на Mac Pro и iMac. Исто така, многу веројатно е претставувањето на AR очила. Во споредба со минатата година, ова е вистински цунами од нови уреди.

Apple, како и обично, ќе го пренесува настанот на интерент, па забележете го овој ден во каленадрите.

Дали би ги користеле овие услуги? Или повеќе ве радуваат вестите за новите уреди?

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.