imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Сигурно пристигнуваат нови AirPods


Во регулаторната база на податоци се појави нов непознат модел кој открива некои нови функции.

Кога се работи за протекување информации, документацијата во рацете на различните институции обично е најсигурен извор бидејќи открива што се случува зад затворени врати. За среќа по нас, Apple не може да ја избегне таквата папирологија.

Дури сега откривме нешто ново за надградената верзија на AirPods. Нивното лансирање и на AirPower го чекаме повеќе од една година, но Apple ретко ги споменува. Само споделија детали за кутијата со безжично полнење. Меѓутоа, сега документите во рацете на Bluetooth Special Interest Group открија повеќе занимливости..

Во нивната база на податоци се појави нова верзија на AirPods со хардверски број REV1.1 (постоечкиот модел е REV1.0), и броевите на модели A2031 и A2032. Можно е секоја слушалка да има своја ознака, бидејќи се сметаат како посебни Bluetooth уреди. Исто така, откриено е дека слушалките сега се поврзуваат преку Bluetooth 5.0.

Гласините за AirPods стивнаа во последно време. Само знаеме дека ќе ја имаат Hey Siri функцијата, што беше споменто во воведот на годинашниот есенски Keynote. Исто така, тука е веќе споменатото куќиште со безжично полнење кое би можело да биде дел од пакетот и да изгледа поинаку од постоечкиот модел.

Се уште ништо не знаеме за датумот на лансирање, но веројатно нема да треба да чекаме уште многу долго. Споменатата документација е предадена на почетокот на октомври. Во случајот на актуелниот модел, истата документација била предадена на 20. ноември, а уредот потоа бил лансиран на 13. ноември. Затоа се обложуваме дека тоа ќе се случи уште овој месец. А можеби ќе пристигне и AirPower.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.