imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Silenz – Ако ви е потребна малку тишина во канцеларијата


Ако ја делите вашата канцеларија со многу колеги, различни звуци лесно можат да ви го одвлечат вниманието од вашата работа. Многумина од вработените слушаат музика, но на тој начин лесно може да пропуштите многу важни информации. Решението е навистина едноставната и неверојатна апликација, Silenz!

Ова многу зависи од вашите навики, но навистина не можам да се концентрирам на својата работа, ако целиот мој амбиент е полн со звуци. Некој подготвува кафе или јаде, другите зборуваат, вратата постојано се отвора и затвора – ова се секојдневни звуци во канцеларијата, но навистина можат да го одвлечат мојот ум. Во оваа ситуација, слушалките можат да ви се најдат за да се исклучите од сите звуци, слушајќи музика.

Ова е во ред, но може да се случи да пропуштите доколку некој ви зборува, или по некое време, постојаното ставање и вадење на слушалките навистина ќе менува вашите брзини. Повеќето од нас прифаќаат ваква незгодна ситуација. Но, не би требало! Случајно наидовме на оваа апликација која нуди навистина софистицирано решение за овој проблем.

Silenz for Mac се стреми кон одредена целна група која се обидува да остане фокусирана, со користење на слушалки. Апликацијата го користи вградениот микрофон на вашиот Mac за следење на амбиенталните звуци. И лесно можете да го поставите тоа во случај на различни звуци што би се случило со пуштената музика.

Ајде да земеме пример за да разбереме повеќе! Работите на вашата работна маса и слушате гласна музика на слушалки. Во позадина има постојано зуење на компјутерите заедно со AC. Но, не треба да пропуштите ако вашиот колега разговара со вас. Со помош на Silenz можете да поставите ограничување (во децибели) и апликацијата може да реагира на сите други стимули кои се погласни. Може да ја намалува јачината на звукот или постојано да ја прекинува музиката.

Со други зборови, звуците од вашата околина ќе останат целосно покриени и надвор од нашата глава, но доколу вашите колеги зборуваат нешто, тогап музиката ќе престане и ќе можете лесно да комуницирате без да ги отстранувате слушалките. Кога ќе заврши разговорот, музиката автоматски продолжува. Колку генијален изум!

Можете стандардно да изберете помеѓу два мода: рачен и автоматски режим. Очигледно, вториот е вистински магичен трик кој работи со различни пресети без каква било рачна интервенција. На врвот на тоа имате можност да ги слушнете сите звуци погласно измешани со музиката паралелно.

Всушност вреди да се посвети малку време да се испробаат сите поставувања, бидејќи тие ја даваат суштината на корисничкото искуство. Ако го поставите ограничувањето премногу високо, музиката никогаш нема да престане. Ако е пониско отколку што е потребно, тоа ќе престане цело време. Треба да експериментирате со најсоодветни поставувања за вашата околина.

И имате доста опции да изберете. Почнувајќи со процентуалната вредност за намалување / зголемување на обемот на музика и целиот систем, временските поставки за напад и распаѓање, можете да ги прилагодите сите можни параметри според вашиот вкус.

Апликацијата може да соработува со тони медиумски плеери вклучувајќи: iTunes, Spotify, Deezer, VLC и VOX, но нивната употреба (освен iTunes) е достапна само по купувања во апликацијата. Можете да го купите секој плеер одделно или целиот пакет по намалена цена. Основната цена на Silenz за Mac е 5,99 долари, што е сосема разумна цена за сета удобност што апликацијата може да ви ја даде.

Сè на сè, навистина би ja препорачале Silenz за сите што слушаат музика дома или на работа и би сакале да останат крајно фокусирани, без да пропуштат нешто важно во исто време.

Преземете ја Silenz од Mac App Store (macOS, 5,99 долари, вклучува IAP)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.