imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Siri знае се за Светското првенство во фудбал


Од почетокот на Светското фудбалско првенство не дели само еден ден. Прилично необично е што и Apple е заинтересиран за овој настан – дури и ја научија Siri за целиот распоред на натпревари и имињата на членовите на репрезентацијата на секоја држава.

Добро, не дека дигиталната асистентка на Apple со ова стана посебно попаметма, но на подарениот коњ не му се гледаат забите. По мое мислење, ваквата услуга би можела да биде многу корисна, посебно ако Siri знае некои ситници кои ќе ми го задржат интересот. А со оглед на тоа дека се работи за настан кој трае речиси еден месец и кој ќе следат милиони луѓе, Siri мора да ги знае сите одговори.

Секако, се работи за многу информации, што Siri и сличните технологии ги прави вистински примероци на научната фантастика. Но, Apple не застана само на Siri – подготвија многу апликации кои ќе го претворат iPhone во вистинска енциклопедија за фудбал.

Така, следниот месец одделот Today во App Store ќе биде полн со содржини врзани за фудбалскиот Мундијал. За жал, апликациите кои ќе ги пренесуваат натпреварите не се достапни во нашата држава, како ни американските канали на Apple TV. Но, на Apple Music можете да ја слушате плејлистата на Светското првенство, а тука се и подкастите и другите пишани содржини.

Значи, ако ве држи фудбалската треска, искористете ја шансата и следете ја целата поврзана содржина во App Store, iBooks и Podcasts.

Извор: Apple Newsroom

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!