imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

SketchBook за iOS – одлична апликација за скицирање на iPad


На пазарот на дигитални апликации за скицирање, изби голем скандал кога Autodesk одлучи бесплатно да ја понуди својата SketchBook апликација за десктоп и мобилни платформи. Тоа е случи во најдобар момент, а ние ја испробавме iPad верзијата на најдобрата апликација за скицирање.

Не знам да цртам, но имам и iPad и Apple Pencil. Дизајнирањето и визуелните работи секогаш биле блиску до моето срце. Пред една недела помислив: зошто да не ги научам основите? – кога Autodesk ја понуди бесплатно својата добро позната апликација, SketchBook. Нема реклами, нема Pro верзии: навистина e бесплатнa!

Оние кои многу цртаат или скицираат, работат како архитекти или дизајнери можеби слушнале за неа. Ја разви компанијата Autodesk која создава врвни 3D апликации како Maye i 3DS Max. Значи, SketchBook е воглавно наменет за професионалците, но пред две или три години беше лансиран и за корисниците на iOS.

SketchBook е совршен избор за оние кои бараат апликации за цртање само со помош на најдобрите функции. По првиот обид, ме шокираше брзината на работа на APple Pencil. За жал од искуство знам дека истото не може да се каже и за апликациите. Но, оваа апликација работи онака како што би требала.

Вториот позитивен впечаток беше корисничкиот интерфејс. АКо фрлите око на верзијата за десктоп компјутери, нема големи разлики, како да може да се користи истата верзија. Што е прилично точно, така што оние кои веќе некое време ја користат оваа апликации не мораат да се навикнуваат на радикални промени. Но, Apple Pencil нема копчиња, така што мораа да додадат кратенки на интерфејсот.

Поништување и повторен внес, подготовка и начин на работа преку целиот екран се наоѓаат во четирите агли на iPad и до нив можете да дојдете откако два пати ќе го допрете екранот. Кога се работи за кратенките, морам да споменам уште две навистина паметни решенија. Едно од нив е точката на дното која исто така ги крие кратенките. Второто е рачката која наликува на капсула која можете да ја употребите за да се појави палета на бои, алатки и слоеви.

На истиот приказ можете да користите лизгач кој се наоѓа на левата страна за да ја поставите проѕирноста и протокот. Можете да ги поставите овие параметри на деталната површина за секое посебно моливче. Ги има многу, а сите можете да ги користите на многу различни начини по конфигурацијата.

Работата со слоевите е прилично интуитивна, функционира баш како и во сите други апликации. Во горната лента на менито можете да ги видите поретко користените алатки како што е избор, трансформација, исполнување и градиент. Можете да импортирате верзии, а тука се и ленирот, насоките за симетрија и другите стилски алати како снимањето видеозаписи кои ви овозможуваат да создадете видео од брзото цртање.

Апликацијата можете да ја користите без регистрација до 7 дена. Потоа ви е потребна Autodesk сметка. Тоа јасно покажува дека апликацијата е наменета за професионална употреба, бидејќи меѓу сигурносните опции е вклучена и автентикацијата во два чекора. Во листата алатки на Preference менито можете да го пронајдете Apple Pencil и сите останати стајлуси, и можете да ги прилагодите сите поставки како multi-touch гестовите

Aplikaciju možete koristiti bez registracije do 7 dana. Nakon toga vam je potreban Autodesk račun. To jasno pokazuje da je aplikacija namijenjena profesionalnoj upotrebi, budući da je među sigurnosne opcije uključena i autentikacija u dva koraka. U popisu alata na Preference izborniku možete pronaći Apple Pencil i sve ostale podržane styluse, te možete prilagoditi sve postavke poput multi-touch gesti.

SketchBook има свои гестови кои можат да се вклучат. Претходно ги споменав кратенките во аглите кои исто така можат да се конгигурираат и другите осетливи функции кои можат да се вклучат, како „притиснете и држете за бирање на боја” и други.

Врз основа на моите впечатоци во текот на овој краток период на тестирање на Autodesk SketchBook, сметам дека е навистина корисна апликација со која е лесно да се учи, а да не споменувам дека е бесплатна. Претходно, верзијата за десктоп компјутери чинеше 100 евра годишно. Мислам дека ова е прва апликација за скицирање која вреди да ја преземете на iPad.

Преземете ја Autodesk SketchBook од App Store (iPhone, iPad, Mac – бесплатно)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!