imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Sky Force Reloaded – Полска енергетска бомба


Ќе ви претставиме игра која го следи проверениот рецепт. Замислете ги сите клишеа кои ги знаете и подгответе се за игра полна со акција.

Од претставувањето на играта Space Invaders 1978., знаеме како е забавно да се уништува се што го напаѓа нашиот вселенски брод, притоа избегнувајќи ги непријателските напади. Сите подоцнежни игри познати како „shoot ’em up“ и „bullet hell“ станаа популарни поради едноставните стратегии и акции кои ни го покренуваат адреналинот. Една од најдобрите во тој жанр сигурно е Sky Force Reloaded, дело на полската екипа програмери собрани под името Infinite Dreams. Толку е успешна што е прилагодена за PC, PlayStation 4, Xbox One и Nintendo Switch.

Концептот на играта не е ништо посебно, но ќе ви ги дадеме основните детали во случај некои да не се запознаени со овој жанр. Со својот авион морате да се пробиете низ нападите на непријателите и притоа постојано да пукате во нив. Нешто тешко или иновативно. Но, Sky Force Reloaded стана популарна поради својот модерен дизајн. Постојат 16 основни нивоа и предизвици кои ве водат во различните светови.

Можете да се борите во различни периоди од денот над тропските бази, депонии на отпад, фабрики за хемиско оружје и бурните бранови. Текстурите на околината изгледаат одличн, баш како и вашите непријатели. Ве напаѓа војска авиони, хеликоптери и противвоздушни уреди, а сите останати предмети и градби можат да послужат како пречки. Авторите им посветиле многу внимание на проектилите и експлозиите околу вас. Некои поголеми судири го осветлуваат небото како на дочек на нова година. Целата игра е совршена за конзоли, па не чуди дека може да се игра и во таа форма.

Авторите одлично си ја одработиле својата работа. Осмислиле систем полн со предизвици и го надополниле впечатокот со детали, кои постојано ве поттикнуваат да ги соборувате сопствените рекорди. Секое ниво може да се помине во четири нивоа на тежина, а кога ќе ги задоволите различните критериуми, добивате функции кои ви отвораат понатамошни нивоа.

Значи, не е поентата да се разбие се што ќе видите, туку тоа да го направите на префинет начин. Значи, треба да ги спасите пилотите, да не губите HP и да ги собирате сите ѕвезди. Малите ѕвезди ви служат за развивање на опремата. Како додаток, тука е и кратката приказна. Оние кои сакаат да ги исполнуваат мисиите, можат да се заколнат дека ќе го уништат Scarlett Mantis, кој ви стои на патот со својот мегаломански разорувач.

Преземете ја Sky Force Reload од App Store (iPhone, iPad, бесплатно, IAP)

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.