imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Gurman: Следењето на сонот можеби ќе пристигне за Apple Watch


Според аналитичарите, Apple експериментира со оваа функција и ако успее тестирањето, таа би можела да биде вклучена во нивните паметни часовници најдоцно со 2020. година.

Од неговото лансирање во 2015. година, развојот на Apple Watch е воглавно заснован на здравјето. Од податоците кои ги пружа сензорот за отчукување на срцето можеме да добиеме многу информации. Тој обрнува внимание на брзината на отчукување на срцето, открива падови, а од Series 4 ја има дури и EKG функцијата (само во САД). Меѓутоа, функцијата која би можела да биде попрактична недостасува на листата на изворните функции: следење на сонот.

Како што можеби знаете, квалитетниот сон е потребен за здрав живот. Потребен е еднакво како и здравата исхрана или вежбањето. Иако многумина преферираат да спијат без часовник, постои голем број корисници кои би сакале да го поминат времето, кое го поминуваат спиејќи.

Меѓутоа, постои голема пречка: траење на батеријата. Дури и ако најновите Apple Watch модели можат да издржат 2 дена со просечна употреба, следењето на сонот би можело брзо да ја испразни батеријата, бидејќи поради оваа функција уредот работи цела ноќ.

И покрај сето тоа, Mark Gurman сега извести дека Apple работи на случајот, и ако успее, оваа функција би можела да биде вклучена во моделот на Apple Watch, кој би требало да го видиме во 2020. година.

Размислувајќи за сето тоа, постојат три можни сценарија за решавање на овој проблем со траење на батеријата. Од една страна, поголемата батерија би ја одработила работата. Со технологијата на батериите која моментно е достапна, не знаеме колку би можела да биде поголема, без да го направи самиот уред подебел. Од друга страна, постои можност Apple да измисли некое енергетски ефикасно решение за следење на сонот, како софтверско решение кое би работело со помош на копроцесорите.

И на крај, супер брзото полнење, исто така, би можело да биде опција. Така се би можело да остане исто, само што времето кое ќе го потрошите на туширање би било доволно во целост да ја наполните батеријата на вашиот Apple Watch.

Се надеваме дека тимот на инженери на Apple ќе успее тоа да го оствари и да ја вклучи оваа функција во Watch. Дотогаш, морате да преживеете на апликациите од трети страни, кои повеќе или помалку функционираат.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.