imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Следниот watchOS ќе го овозможи EKG


Секако, во оние региони во кои властите ја одобрија оваа функција – засега тоа се однесува само на САД. А кога функцијата ќе ја одобрат и кај нас, барем нема да мораме да чекаме на неа…

Според интерниот документ на Apple Store, до кој дојде сајтот MacRumors, во јавната верзија на watchOS 5.1.2, кој моментно е во бета верзија, ќе биде овозможена една од највозбудливите иновации на Apple Watch Series 4; EKG.

За жал, ние – како и поголем дел од светот – засега нема директно да биде зафатени, барем засега. Меѓутоа, добра вест е тоа дека еднаш кога функцијата ќе стане достапна во САД, многу ќе ја тестираат и споредат со медицински апарат, така што ќе добиеме детална слика за тоа што би можеле да очекуваме кога ќе ја овозможат и кај нас.

Како што е наведено во документот, вработените во Apple Store се упатуваат да им напоменат на купувачите дека EKG апликацијата не може да ги замени дијагностичките уреди и дека не би требало да се користи оваа функција за мерење или надзирање на состојбата на болеста, без за тоа најпрвин да се советуваат со својот доктор.

Според документот што протече, watchOS 5.1.2 исто така ќе биде корисен и за поновите модели од Series 1, бидејќи известувањата за неправилните отчукувања на срцето, исто така ќе бидат вклучени.

Бета тестирањето на watchOS 5.1.2 почна на 7. ноември, така што можеме да бидеме сигурни дека јавната верзија ќе биде објавена оваа година.

Извор: MacRumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.