imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Следното iOS ажурирање може да донесе уште повеќе Haptic Touch функции


Како што можевте да се посомневате, вклучени се се повеќе и повеќе опции во функцијата која го заменува 3D Touch.

Пред неколку недели имавме текст за новиот Haptic Touch, кој го замени 3D Touch на iPhone XR. Заклучивме дека тоа е само ново име за одамна заборавеното „долго притискање”. Меѓутоа, оваа функција се базира на феноменалниот Taptic Engine, што ја чини малку понапредна.

Исто така, знаеме дека целите на оваа функција моментно се многу ограничени, но Apple има намера тоа да го промени. Не би требало долго да чекаме на тоа, бидејќи претстојната (а сега и бета) верзија на iOS 12.1.1 ќе ги прошири нејзините функции.

Поточно, ќе ја врати опцијата која е отстранета. Се на се, по ажурирањето, ако примените Force Touch на известувањето кое се наоѓа на заклучениот екран на iPhone XR, ќе се прикаже скокачки прозорец со понатамошни информации, заедно со убави хаптички повратни информации.

Тоа не е ништо ново или функција која спасува животи, но сепак е добро да се знае дека Apple не лаже и навистина ја проширува листата на намени на Haptic Touch.

Извор: 9to5Mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.