imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Сопствениците на iPhone XS ќе можат да го прилагодуваат Depth Control додека сликаат


Благодарение на iOS надградбата која ја очекуваме, корисниците покрај можноста на прилагодување на длабочината на сликата на постоечките фотографии, ќе можат да ја прилагодуваат оваа вредност и во текот на самото фотографирање.

На најновите iPhone уреди сликањето на портрети осетно напредуваше од претставувањето на оваа функција со iPhone 7 Plus. Исто така, освен софтверите кои овозможуваат подобро одвојување на позадината, корисниците сега можат накнадно да го прилагодуваат f-stop.

Еве како стојат работите: сликате портрет, па одите на edit, каде што можете совршено да ја прилагодите длабочината. Овој трик не е резервиран само за iPhone XS i XS Max, туку и за iPhone XR, без оглед на тоа што има само една камера. Значи, зборуваме за софтверска функција овозможена благодарение на силата на процесорот A12. Тоа не е лошо, но би било попрактично кога би можеле тоа да го направиме додека фотографираме.

Се чини дека корисниците ќе ја добијат и таа опција. Според информациите на TechCrunch, iOS надградба која пристигнува следната година ќе содржи и копче сместено под магичното копче за фотографирање во апликацијата Камера, а кое ќе ви овозможи прилагодување на bokeh ефектот и тоа додека сликате портрети. Благодарение на оваа иновација, корисниците ќе имаат повеќе контрола над процесот на фотографирање, а најмногу сигурно ќе и се израдуваат професионалните iPhone фотографи…

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.