Можеби ова ќе заинтересира мал број на корисници, но можно е да се направи. Ќе ви покажеме како.
Секако дека сите се прашувате кој воопшто би сакал да спари два Apple Watch уреди со еден iPhone. Меѓутоа, тоа не е баш толку глупаво како што звучи. На пример, би сакал да го користам својот часовник додека спијам, најмногу поради неговиот нежен начин на будење. Но, за време на ноќта обично го полнам.
Да имам постар модел на часовник, на пример првата генерација Series 0, би можел без проблеми да користам за следење на сонот, додека новиот модел безгрижно би се полнел и би се подготвувал за работниот ден. Во таква ситуација, би сакал да знам како истовремено да ги спарам двата часовника со iPhone.
Значи:
- Отворете ја апликацијата Watch на својот телефон.
- Притиснете го името на моментно поврзаниот уред во табот My Watch.
- Изберете ја опцијата „Pair New Watch“.
- Спарете го другиот уред на вообичаен начин.

И тоа е се. Освен тоа, тука е и корисната опција Auto Switch, која овозможува автоматско префрлање од еден часовник на друг, зависно од тоа кој го имате на рака. Сепак, запаметете дека во даден момент само еден часовник може да биде активен.