imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Спектакуларна реклама на Apple за Depth Control


Ново видео е објавено на YouTube каналот на Apple, овој пат детално опишувајќи ја Depth Control функцијата.

Apple ја објави најновата реклама на својот YouTube канал, наречена The Backdrop. Видеото се темели на прилично едноставен концепт, иако и натаму е прилично спектакуларен. Можеме да видиме прометно место на улица, а камерата се движи наназад. Градби, светла, автомобили, луѓе. Потоа доаѓаме до девојката, која исто така е субјект на фотографијата.

И какво чудо, се што ни го одвлекува вниманието од субјектот на фотографијата во момент се заматува, а девојката изгледа кристално чисто и остро во прв план на фотографијата. На сето тоа можеме да и заблагодариме на Depth Control функцијата, која Apple ја претстави заедно со најновите iPhone уреди минатиот септември.

Со помош на функцијата, количината на заматувањето кое можеме да го видиме на портретите е можно да се прилагоди според вкусот на корисникот, што телефонот секако ќе го реши со помош на софтверски трик (самиот портретен начин е воглавно само софтверски трик). Практично, можеме да ја прилагодиме длабочината на подрачјето помеѓу вредностите од f/1.4 и f/16, што значи целосно замаглена фотографија или фотографија без заматување. Почнувајќи од iOS 12.1, сето ова можете да го поставите во вистинско време пред снимањето на фотографијата.

Претходно, Apple објави видео-водич на таа тема, па ако сакате да завладеете со оваа функција, би требало да го погледнете. Во случај да сакате длабоко да нурнете во темата на bokeh ефектот, погледнете го и овој текст.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.