imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Спектакуларни iPad цртежи од проектот Adobe Gemini


Според зборовите на уметниците кои спроведуваат рано тестирање, iPad и Adobe Gemini би можеле да донесат сериозни промени во индустријата. Откако ги видовме цртежите, навистина веруваме во тоа…

Мислам дека никому не мораме да му претставуваме програмскиот пакет Adobe. Името на компанијата практично се смета за зададена поставка во разните креативни индустрии. Секако, тоа не значи дека не постојат подобри или попрофесионални алтернативи, но и натаму зборуваме за најдостапните софтвери кои ги исполнуваа барањата на аматерите, како и професионалците.

Првиот најдобар пријател на графичките уметници е Adobe Illustrator, кој е присутен на пазарот веќе 30 години. Поради тоа, не чуди дека е битен алат во струката. Па да, но Illustrator е апликација за десктоп компјутери. Покрај тоа, во текот на изминатите 30 години се случија многу промени, на пример, побарувачката за преносни, мобилни решенија стана се поголема.

Иако Adobe моментно работи на развивање на iOS апликација за Photoshop, таа првенствено ќе им биде наменета на оние кои користат растер четки за работа. За векторски решенија моментно нема мобилна алтернатива во Illustrator. Меѓутоа, наскоро ќе пристигне. Проектот е нарече Gemini, моментно е во фаза на развој и ќе биде подобра опција за одредени дела од неколку различни аспекти, во споредба со неговиот поголем брат, апликацијата за десктоп компјутери.

Сето тоа го дознавме од Tracie Ching, која е една од 10 уметници која Adobe ја собра во Gemini 10 групата за да го тестираат Gemini. Намерно повикаа графички уметници кои работат во различните стилови, за да можат да создадат апликација, која може да ги исполни различните барања на корисниците.

Ching тврди дека успеаја да го остварат наведеното. Една од најголемите предности на програмата, секако е можноста за мобилна употреба. Одличните алатки како iPad Pro и извонредниот Apple Pencil, кои можете да ги понесете со себе било каде, се залудни ако за нив не постои соодветна програма. На тој начин, не морате да правите компромиси во поглед на постигнувањата.

Уште една важна способност на програмата Gemini е дека уметниците не мораат да се префрлаат помеѓу програмата кога ја користат, бидејќи се комбинира со растер и векторски четки. На пример, можете да изберете водени бои по пенкалцето – овие функции воглавно биле достапни со заедничко користење на Illustrator и Photoshop, што навистина претставуваше пречка во работниот процес.

Едноставно речено, првите повратни информации за софтверот кои наскоро ќе пристигнат се прилично позитивни. Секако, појавата на такви програми на iOS е навистина корисна за Apple, помеѓу останатото такви иницијативи и помагаат на продажбата на iPad Pro и ја засилуваат визијата „што е компјутер”.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.