imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Среќните влогери имаа шанса да ги отпакуваат новите iPhone уреди


Минатата година проверивме што мислат најдобрите технолошки инфлуенсери за iPhone X. Оваа година повторно се тука, отпакувајќи ги и разгледувајќи ги новите iPhone XS и iPhone XS Max уреди. Забавувајте се!

На 12. септември Apple ги претстави уредите за кои имаше многу гласини, под имињата iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR. Наскоро се очекува да почне продажбата на моделите од S-серијата. Во меѓувреме, имаме неколку видеа од оние кои го сакаа iPhone X минатата година.

Marques Brownlee

Влогерот со речиси 7 милиони претплатници ги отпакува 512GB iPhone XS Max и iPhone XS во златна боја и ги покажа ексклузивните позадини на овие уреди.

Jonathan Morrison

Во претстојното unboxing видео се гледа дека се заменети позициите на адаптерот за полнење и EarPods слушалките во кутиите на iPhone XS и iPhone XS Max. Не знаеме дали ова крие некои тајни и дали има некое значење или не.

Jonathan, исто така, ги сподели своите искуства со супербрзиот систем за препознавање на лицето. Тој смета дека е уште побрз од претходната верзија, што беше претставена во минатогодишниот iPhone X. Сепак, кај новите уреди стана уште побрз и функционира беспрекорно, дури и кога има помалку светлина.

iJustine

Добро познатата видео блогерка, iJustine многу сериозно ги споредува различните златни нијанси со текот на годините. Таа смета дека тонот на минатогодишните iPhone 8 уреди е многу поблизок до сегашниот, од кој било друг уред досега. Исто така претстави и неколку нови кожни футроли на Apple.

Како што можете да видите, овие уреди се навистина жешки. Само прашање на вкус е дали ќе ви се допадне златната боја или не.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.