imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Starman сега е бесплатно достапен за iPhone


Ако сакате логички игри, ова е напишано за вас! Една од најдобрите игри од овој жанр сега е достапна за преземање во App Store. Но, ако одите во заобиколен пат, Starman: Tale of Light можете да ја преземете бесплатно и да заштедите 3,99 долари.

Ако сте обожавател на Monument Valley како мене или ако на својот iPhone или iPad просто сакате да играте едноставни игри кои ве поттикнуваат многу да размислувате, Starman е вистинската работа за вас. Нејзината атмосфера е многу слична на онаа во Limbo, ликот можеби ќе ве потсети на популарната игра Ustwo Games, а управувањето е идентично како во INSIDE. Starman е производ на Nada Studio и е вистинска независна игра без дополнителни купувања.

Всушност, играта е толку независна што нејзините двајца програмери Jacobo и Sergio Abril ја заврпија целата тешка работа. Во поголем дел од случаите, ваквите проекти се покренуваат во гаража и конечно се претвораат во навистина вносни бизниси. Тоа најмногу вреди за логичките игри во кои фокусот е на атмосферата и сложеноста на задачите, а не на конкретната акција.

Ако ја сакате оваа игра, треба да ја платите 3,99 долари (без дополнителни купувања), но со помош на трик, сега можете да ја преземете бесплатно. Без грижа, нема да прекрши ничии права бидејќи играта е достапна преку Apple Store и со активациски код. Така е, Apple Store, а не App Store.

Преземете ја официјалната продавница на Apple за апликации и одете на својата сметка во горниот десен агол. Пронајдете ги Поставките и поставете го регионот на САД. Тоа нема да има влијание на вашиот Apple ID, тука само ги поставувате параметрите на Apple Store апликацијата.

Кога тоа ќе го направите, одете на табот Discover, па побарајте го насловот на играта и притиснете на него. Линкот ќе ве одведе до интерфејс за активација на кодот во App Store и доволно е да притиснете OK и така да заштедите 3,99 долари.

Ако не сакате да одите по заобиколен пат и немате потреба да заштедите, еве го традиционалниот линк за преземање.

Преземете ја Starman: Tale of Light од App Store (универзална, 3,99 долари).

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.