imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Што има за вечера? Планирање на оброци и купување со помош на iPhone


Ако често се затекнувате како стоите пред отворен фрижидер, прашувајќи се што денеска ќе јадете, знајте дека не сте единствени. За среќа, доволно е да потрошите десет минути за планирање на оброците за цела недела и осетно да си го олесните животот. Секако, со соодветна апликација. Еве кои ви ги препорачуваме ние.

Не ви треба докторат од напредна дизика за да знаете во кој момент точно временско-просторниот континуум опасно се намалува. Така е, секој ден во вашата кујна, околу 18 часот. Секоја минута која поминува се чини како секунда, одењето во продавница е невозможна мисија, а вашите деца – секако – завиваат од глас, иако еден час претходно сте им дале ужинка со надеж дека ќе заборават на вечерата.

Имате две можности: да посегнете за тестенина (како што обично правите во таква ситуација) или да нарачате пица. На крајот, додека по стоти пат го гледате Снежното Кралство, давате заклетва дека од сега подобро ќе се организирате и дека повеќе никогаш нема да се најдете во таква ситуација. Без грижа, на сите тоа ни се случило. Затоа ви донесуваме неколку решенија за посветла кулинарска иднина! Ако не ви е лесно да смислите неделното мени и да се држите до тој план, овие апликации ќе ги донесуваат сите тешки одлуки наместо вас.

Mealime

Едноставен, здрав и многу вкусен начин на домашно готвење, со 200 персонализирани опции, од едноставни вегетаријански јадења до опции за лицата со разни интолеранции, вклучувајќи разни популарни диети. За готвење ви е потребно само 30 минути. А тука се и едноставните списоци за купување на сите потребни намирници во еден наврат.

Оваа апликација е неверојатно едноставна: избирате облик на исхрана, ги внесувате алергиите, производите кои не ги сакате, бројот на порции и тоа е тоа. (Апликацијата дури може и да ве потсетува да ги планирате оброците!).

Сами ги бирате неделните оброци, сите намирници кои можете да ги купите во еден наврат, а за секое јадење ви треба само 30 минути готвење. Целата постапка е многу пријатна и забавна:  гледате понуда од јадења од кои ви течат лиги (или додавате нешто што самите го сакате), избирате седум од нив, правите список за купување, ги означувате намирниците кои веќе ги имате и готови сте. За планирање ви се потребни само десет минути, а потоа уште само да го извршите купувањето.

Секој ден отворете рецепт со сите детали, и згответе фантастичен, домашен оброк. Тоа исто така е одличен начин да се запознаете со нови рецепти и намирници. Готвењето повеќе нема да ви биде мака, туку забава. Нам токму оваа апликација ни е најдобра поради врвното корисничко искуство, интуитивна навигација и модерниот дизајн!

Mealime е бесплатна апликација, а про верзијата нуди ексклузивни рецепти, нутриционистички информации и напредни филтри.

Pepperplate

Оваа апликација ги нуди истите основни функции, планирање оброци и изработка на список за купување. Ако сакате да создадете сопствена готвачка, ова е вистински избор за вас. iOS апликацијата всушност е продолжение на популарната интернет страница, чија најдобра функција е можноста за додавање на сопствени рецепти или увезување рецепти од интернет со едноставно лепење на URL.

AllRecipes

Покрај планирањето на неделни оброци, список за купување и вообичаените опции, оваа аплиакција ви овозможува да составите и неделен план. Ако ви требаат визуелни потсетници и поттик да готвите секој ден, само ставете го тој план на фрижидерот. Апликацијата со тек на време ќе ви го запознае вкусот (врз основа на рецептите кои ќе ги подготвите) и ќе ви нуди персонализирани содржини.

Epicurious

Сакате ли да ги испробате најдобрите рецепти од готвачките списанија? Па, Epicurious ги има над 35.000, па сте обезбедени за следните сто години, покрај вообичаените опции на изработка на список за купување и корисни функции. Оваа апликација најдобро може да се опише како ваш персонализиран gourmet магазин, бидејќи содржи неделни ажурирања, видео рецепти, рецензии и згодни готвачки за вашите омилени рецепти.

MealBoard

Штедлива, минималистичка и еколошки освесетна. Оваа апликација ви помага да ги искористите состојките кои сте ги купиле за другите јадења и ви препорачува оброци кои можете да ги направите од остатоците од претходните јадења.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.