imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Што можеме да очекуваме од 4. генерација Apple Watch и Watch OS 5?


Забележете го датумот, следната Keynote презентација која треба да се одржи на 12. септември е се поблиску и поблиску, а компанијата ќе претстави нови iPhone и Apple Watch уреди. Во овој текст, ги собравме сите работи кои би требало да ги очекувате од 4. генерација на Apple Watch.

Сега повторно поминавме низ неколку возудливи денови, минатата недела, закажаниот бран на истекување информации пристигна до масите: авторите на 9to5Mac дојдоа до неколку ексклузивни фотографии на iPhone XS и 4. генерација на Apple Watch. Тоа се производи кои сигурно ќе ги видиме во текот на Keynote. Сепак, се поставува прашање – дали навистина дојде време за промена на Apple Watch?

Дизајн

Apple во пролетта 2015. година ја објави линијата производи од 1. генерација на Apple Watch која оттогаш не се промени многу во поглед на дизајнот. Дизајнерите имаа прилично тешка задача, бидејќи зборуваме за уред кој има дизајн на корисничкиот интерфејс, што беше необичен чекор за Apple, така што дизајнерите не можеа да бидат сигурни дали сегашниот дизајн навистина ќе биде совршено решение.

Наизглед, четириаголниот екран беше добар избор, а минатиот септември бројот не генерации на Apple Watch се зголеми на 3, со сличен дизајн. Секако, Apple испроба неколку различни материјали, оваа година исто така би можеле да очекуваме комбинацијата на алуминиум и нерѓосувачки челик да биде вклучена во 4. генерација. Во исто време, бројот на регистрирани уреди издава многу, така што од тоа можеме да извлечеме заклучој дека производството на керамичкиот дизајн би можело да заврши оваа година.

Како што видовме на фотографиите кои протекоа, овој пат новата генерација ќе биде достапна не само во сребрено куќиште, туку и во златно. Гласините за новата нијанса, наречена Copper Gold, се проширија во медиумиите, така што би можеле да го дочекаме уредот во оваа нијанса.

Функции

Со Apple Watch Series 3 можевме да го достигнеме нивото на кое брзината на процесорот беше доволна за речиси секоја задача. За жал, во случајот на првата генерација не беше така, но секако, можеме да очекуваме дополнителна брзина и оваа година. Немавме проблеми со капацитетот на меморијата или брзината на WiFi врската, GPS модулот ќе се задржи, а поддршката за eSim моделите по држави и натаму е еден голем прашалник.

Меѓутоа, дозанавме се повеќе и повеќе информации за екранот. Речиси е сигурно дека рабовите ќе се продолжат, а и резолуцијата ќе порасне. Според авторите на 9to5Mac, сегашната 312 x 390 резолуција ќе биде заменета со 384 x 480, што ќе значи густина на пиксели од 345 ppi. Значи, програмерите тоа дефинитивно би требало да го имаат на ум – се надеваме дека процедурата ќе биде без проблеми и брза. Не знаеме премногу за другите нови функции кои се однесуваат на хардверот.

watchOS 5

Четвртата генерација на Apple Watch ќе пристигне на годинашниот WWDC. Во споредба со претходниот систем, watchOS 5 доби неколку значајни поправки и нови функции, нема да може да се презема за уредите од 1. генерација, така што на сопствениците на овој производ веројатно им дошло време за промена. Лично, користам Apple Watch 1. генерација, така што сум прилично возбуден поради новите модели.

Нови функции на watchOS 5:

  • Нови лица на Apple Watch.
  • Натпреварувања во активност.
  • Автоматско откривање на вежбата.
  • Нови видови вежби (јога и пешачење).
  • Напредни поставки на трчање (можете да ги видите вашите чекори во минута и известување за километрите за трчање на отворено)
  • Walkie-Talkie
  • Подкасти
  • Прилагодување на Контролниот центар.
  • Подлабока интеграција на Siri во апликациите од трети страни.
  • Нови опции на прилагодување, на пример во апликацијата Maps.

Значи, новиот Apple Watch има нови функции и одвнатре и однадвор кои Apple официјално ќе ги објави за неколку дена. Дали се исплати навистина да се купи 4. генерација на Apple Watch? Ќе го знаеме точниот одговор на тоа дури по презентацијата и желно исчекуваме да видиме со што ќе не изненади Apple следната средина. Забележете го датумот: Apple Special Event, 12. септември во 19:00 часот.

Поврзани артикли:

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.