imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Што се прогресивни веб апликации и како да ги користите?


Од iOS 11.3 имате прилика да користите прогресивни веб апликации (PWA) кои понекогаш можат да бидат подобри решенија од оригиналните верзии на апликациите кои се наоѓаат во App Store. Но, за што всушност се работи?

Благодарение на денешните модерни веб технологии, корисниците имаат прилика да покренуваат веб апликации дури и во прелистувачот кој се наоѓа на нивните мобилни уреди. Нивната најголема предност е тоа што нема за заземаат простор на вашиот iPhone и работат отприлика исто како и обичните апликации. Единствената разлика е во тоа дека работат на веб и содржат ‘light’ верзија на веб-страницата, така што нема да ви ги изедат сите мобилни податоци.

Можете да ги користите (само) во Safari откако Apple го лансираше iOS 11.3 и macOS 11.13.4. Но, пред да ги испробате, одете на Settings > Safari > Advanced менито во кое ја имате ServiceWorkers опцијата во Experimental Features, па проверете дали оваа опција е овозможена.

PWA не морате да ги држите само во означените страници во Safari, туку можете да ги додадете и на почетниот екран, што ја прави нивната употреба уште поедноставна. Потребно е да се направат само неколку чекори:

  1. Отворете ја веб-апликацијата (на пример apps.twitter.com)
  2. Притиснете Share
  3. Во долната лента на менито изберете ‘Add to Home Screen’

Тоа е се, отсега нема да ви биде потребна App Store верзијата на Twitter, бидејќи до неа ќе можете да дојдете и во прелистувачот.

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.