imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Strategy Analytics: Новите корисници се импресионирани од iPhone X


Според неодамнешното испитување на Strategy Analytics, една од најдоверливите компании за истражување на пазарот, четири од пет бивши корисници на Samsung се задоволни од iPhone X. Причината за намалувањето на апсолутната воодушевеност првенствено е цената.

Не можеме да го негираме фактот дека Apple стави многу голема цена за iPhone X. Иако изборот на iPhone уреди постојано расте, ако сакате да го купите најновиот топ модел, морате да посегнете длабоко во џебот. Поради тоа, не е изненадувачки што цената е најважниот фактор што ги одбива корисниците.

Од друга страна, тоа е добра работа за Apple и им пружа чувство на олеснување на корисниците. Оние кои сакаат да купат ваков уред, но немаат претходни искуства за iPhone, треба да разгледаат само една работа: цената. Секако, веќе научивме дека топ моделите се секогаш најскапи.

Затоа компанијата и има храброст да ги продава своите уреди по навистина високи цени. Впрочем, тоа не е обичен телефон – тоа е уред што може да ја замени камерата, таблетот, играчката конзола, па дури и компјутерот. Забележувајќи ги трендовите и гледајќи дека тактиката на Apple се исплатеше, Samsung го лансираше својот последен топ модел по идентична цена како iPhone X.

А што ги прави корисниците најзадоволни? Кога Apple ќе направи нешто како што треба. Според учесниците во истражувањето на Strategy Analytics, се испостави дека четири од пет поранешни корисници на Samsung – не е истакнато кои точно модели ги имале – се импресионирани од iPhone X. Не е наведено колкав процент на бивши корисници на Samsung преминал на iPhone, но резултатите покажуваат дека најмалку се задоволни оние корисници кои преминале од iPhone на Galaxy S8.

Не сакам да изведувам преголеми заклучоци, но бројките навистина се интересни. А истражувањето јасно покажува дека бившите корисници на Samsung го сакаат iPhone X. Фрлете око на сите резултати на страницата на Strategy Analytics.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!