imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Светски скандал во врска со емотиконот на лигња


Му должите извинување на секој погоден главоножец! Засрамете се!

Сега те фативме, Apple! Секогаш се фалите дека сте „во целост еколошки освестена и зелена” компанија. Дали навистина мислевте дека ќе не зашеметите со тие убави зборови? Зар навистина верувате дека лансирањето на MacBook од рециклирани материјали ви допушта да правите се што ќе посакате? Не грижете се, во лагата се кратки нозете.

Допуштете ми да ви поставам едно прашање. Што е прикажано на оваа фотографија? Хм? Кажете, ајде.

Поголем дел од вас сигурно гледа слатка лигња. Па, зошто тогаш целата приказна за навредените главоносци? Однапред се извинувам, но морам да ви кажам дека ова на сликата НЕ Е главоножец. Monterey Ray аквариумот од Нов Зеланд објави порака на Twitter, во која укажува на сериозната грешка на Apple.

Значи, темата на овој скандал е таканаречениот сифон.

Еве како Википедија го опишува овој термин:

Сифон е анатомска структура која се појавува како дел од телото во три класи морски мекотели: полжави, школки и главоносци (во членовите на овие класи се вбројуваат слатководните и морски полжави, школки, октоподи, лигњи и сл.). Сифоните во мекотелите имаат облик на цевка низ која тече вода (понекогаш и воздух). Сифонот е дел од надворешната опна на мекотелите и водата тече во или од шуплината на таа опна.

Да поедноставиме, она што ние го сметаме за сладок нос на лицето на лигњата, всушност е тој сифон, кој се користи за движење, размножување и сл. и ТРЕБА ДА БИДЕ ПОСТАВЕН ЗАД ГЛАВАТА, А НЕ НА ЛИЦЕТО!

Искрено, мислам дека повеќе никој нема да ги гледа главоносците со исти очи.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.