imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Свитлив iPhone? | Мислење


Уредите кои всушност се свиткуваат официјално пристигнаа. Дали Apple ќе се придружи на листата производители или ќе гледа и ќе учи. Дали воопшто би имало побарувачка за флексибилен iPhone?

Во изминатите неколку недели, повеќе Android производители ги претставија своите склопливи уреди. Веќе подолго време знаевме дека овој момент ќе пристигне и видовме многу прототипи и концепти. Оваа година излегоа од фазата на тестирање и овие уреди се всушност лансирани.

Значи, технологијата достигна одредена точка каде производителите се охрабруваат да почнат да работат со неа и да им на претстават на своите корисници, да преземат вина и се што доаѓа со неа. Со други зборови, имаат доволно доверба во технологијата за да ги направат своите брендови подобри.

Foldable.News го праша дизајнерот Roy Gilsing да создаде неколку концепти кои не натераа да се замислиме, каде би се наоѓал Apple на овој пазар и тренд. Ако тоа воопшто можеме да го наречеме тренд.

Постојат две главни прашања:

  1. Може ли Apple тоа да го направи?
  2. Дали Apple тоа ќе го направи?

Да почнеме со првото. Во овој момент на технолошки напредок, масовното производство на склопливи екрани би можела да биде можна само со користење на OLED екрани. Тоа е новост за Apple, бидејќи првиот Apple уред со OLED екран беше iPhone X. А поголем дел од екраните кои ги користеа, ги произведува нивниот голем ривал, Samsung. Воглавно поради тоа што се најдобри.

Додека Apple не покрене сопствена компанија за производство на екрани, поголем дел од потребните делови би морале да купат од Samsung. Но, поголем дел од аналитичарите ссметаат дека Samsung нема намера да го подели својот внимателно одржуван развој со конкуренцијата. Ако е тоа точно, на Apple му преостанува само една можност, а тоа е да измисли свој склоплив екран и самиот да го произведе.

Очигледно, Apple има доволно средства и човечки ресурси тоа да го оствари – ако веќе не е така. Поради тоа, технологијата всушност не може да претставува пречка во толку голема компанија. И тука стигнавме до второто прашање. Дали навистина тоа го сакаат?

Најверојатно за тоа размислувале, бидејќи имаат мноштво поврзани патенти. Можеби кријат и неколку прототипи во своите тајни лаборатории. Но, тоа не се цврсти докази, бидејќи знаеме дека Apple работи на многу различни опции.

Ставот на Apple за слична технологија е прилично измешан. Од една страна, и повеќе се од иновативни. Од iPhone, Apple Watch,  па се до Face ID, историјата на компанијата е поплочена со нови револуционерни технологии.

Од друга страна, имаат навика да бидат конзервативни со напредните технологии и трендови. На пример, тука е OLED. Која е разликата помеѓу имплементацијата на Face ID и OLED панелите.

Има неколку причини зошто OLED iPhone уредите влегоа на пазарот со неколку доцнења. Една од нив е и таа дека технологијата не достигнуваше одредена точка, која би можела да ги задоволи стандардите на Apple за квалитет. Да се сетиме само на дисколорацијата на екраните, проблемите со пикселите и другите работи. Нема место за расправа, бидејќи Apple веќе се посвети на пристапот дека повеќе би доцнел, но притоа да биде најдобар на пазарот.

Така Apple прави разлика помеѓу технологиите врз основаа на можните потреби на нивните корисници. Го стартуваа Face ID, затоа што беа убедени дека дури и првата верзија ќе биде подобра од Touch ID. Ја напуштија OLED технологијата, бидејќи  во тој момент можеби мислеа дека IPS технологијата е подобра и преминот на OLED не би значел чекор напред.

Меѓутоа, тоа не значи дека самите ги донеле тие одлуки. Непрестано го следеа пазарот и моментната состојба на технологијата. А кога одлучија дека е време, влегоа на пазарот. Тоа е стратегијата на Apple, која во поголем дел од времето работи прилично добро.

Највредниот имот на Apple е нивниот бренд кој се врзува за атрибутите како што се доверба, доследност, елеганција, луксуз и други. Нема да го ризикуваат својот статус со воведување на технологии кои во одреден момент би можеле да закажат. Ако мислат дека нешто ќе функционира на подолги патеки и дека корисниците ќе ја бараат таа технологија или уред, ќе се посветат наа тоа. Претходно, не.

Не заборавајте дека освен хардвер, оваа технологија бара и нов софтвер со цел свиткувањето би било навистина ефикасно. Иако постои iOS со мобилна и таблет верзија, се уште не е подготвен за преоѓање од еден на друг начин на работа за неколку делови од секундата. Според мислењето на критиката, овој проблем постои и кај неодамна лансираните уреди. Да се има подготвен хардвер е само половина работа, но, што ќе биде со софтверот?

Сето тоа е само прашање на време. Можеме да се кладиме дека свитливи iPhone уреди нема да бидат претставени барем уште една година и половина. Но, би можело и никогаш да не бидат претставени. А, тоа и не е толку голем проблем…

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.