imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

T2 чип: Големата шанса на MacBook Pro 2018


Како просечен корисник, навистина нема да забележите ништо, но чипот е навистина важен кога станува збор за иднината на MacBook компјутерите. Каков е овој чип со вакво чудно име? За што е добар? Зошто е значаен?

Прв пат се занимававме со чиповите од T-серијата во 2016 година кога беше претставен MacBook Pro. Steven Troughton-Smith, ирски програмер кој секогаш го испитува изворниот код, за време на темелното испитување на Touch Bar заклучи дека чипот функционира како системот-на-чип што се користи во Apple Watch.

„Од сè што можам да искомбинирам, Т1 чипот во новиот MacBook Pro е варијанта на системот-на-чип што се користи во Apple Watch”, објаснува Troughton-Smith, во интервју за The Wing. „Вклучувањето на watchOS на T1 му овозможува на Mac да ги ужива предностите од работата на Apple на вградената безбедност на iOS, бидејќи T1 го ограничува пристапот до Touch ID сензорот и исто така, предната камера во новиот MacBook Pro”.

Сопствениот чип на Apple стана популарен кога беше претставена втората генерација. Досега, T2 верзијата беше достапна само во iMac Pro, иако со најновата надградба на MacBook Pro , линијата на производи е проширена. За среќа! Чипот има и ќе има големо значење во сегашноста и во иднината. Според Jason Snell, новинар на Macworld,

T2 чипот го прави iMac Pro двигател на Mac револуцијата

Ова се големи зборови, иако не се неосновани. Т2 е всушност мета-мозок. Процесор кој е одговорен за многу мали, но поважни системски процеси, пред да го предаде потешкиот дел од работата на Intel Xeon во случај на iMac Pro, или на 8-та генерација Coffee Lake процесори на Intel во случајот на MacBook Pro 2018. Меѓу другото, чипот го контролира звучникот, вградениот микрофон, предната камера, вентилаторите и функциите поврзани со System Management Controller (SMC), но исто така го контролира SSD.

T2 е исто така одговорен за функционирањето на вентилаторите

И тоа отвора врата за многу можности. На пример, процесорот за слика на T2 овозможува предната камера да препознае лице и да го намести балансот на белата боја, експозицијата итн. Благодарение на Т2, контролирањето на SSD (и се разбира, благодарение на Secure Enclave процесорот), сите мали податоци што одат во просторот за складирање на iMac Pro и новиот MacBook Pro ќе бидат веднаш шифрирани.

Startup Security Utility кој го донесува T2 му овозможува на Вашиот Mac секој пат да се покрене од стартап дискот кој вие ќе го изберете, и секогаш на оперативниот систем на кој му верувате. Со употреба на firmware лозинка, можете да осигурате само вие и лицата кои ја знаат вашата лозинка да можат да го стартувате системот од избраниот стартап диск. Со функцијата External Boot, можете сами да одлучите дали Вашиот Mac ќе се покрене од било кој вид надворешен диск.

Уште повеќе, MacBook Pro 2018 може да ја препознае наредбата Hey Siri. Во тој контекст , интересно е дека iMac Pro не може да ја препознае оваа наредба, иако оваа функција е овозможена токму со T2 чипот.

Значи, јасно е дека овој чип е задолжен за многу процеси скриени во внатрешноста на компјутерот. Токму фактот дека само еден чип во сопственост на Apple задолжен за сите опишани функции на големо ги олеснува сите компјутерски процеси, дизајнот на уредите и отвора бројни можности за корисниците. Среќа што Apple одлучи да го вклучи чипот во новите MacBook Pro модел, бидејќи токму овие работи го прават еден уред да биде Pro модел.

Извори: Apple, Macworld

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!