imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

The Escapist 2: Pocket Breakout – Никогаш доста од бегствa


Темата на бегање на затвореници е исклучително возбудлива за многу луѓе, помислете само на сите филмови кои се занимаваат со неа. Секако, овој огромен интерес ја инспирираше и индустријата на игри, а сега можете да уживате во најновото парче на escape жанрот на мобилните телефони.

Team 17, кој би можел да ви биде познат како тим кој се наоѓа зад Worms серијалот, во соработка со Mouldy Toof Studios ја објави играта The Escapist во 2015. година, во која моравме да побегнеме од единствено структурираните затвори. Играта беше прилично успешна, па поради тоа програмерите одлучија да и дадат продолжение две години подоцна, The Escapist 2, која на крајот доби и мобилна верзија. Играта го доби продолжението Pocket Breakout и практично е идентична на оригиналната игра, само моравме да забиравиме на неколку различни нивоа.

Во моментната игра, мораме да побегнеме од 5 различни казнени установи во различните нивоа. Стилот е тн. песочник, поточно освен воведниот дел, нема понатамошни упатства, така што целосно на нас е како повторно ќе стигнеме на слобода. Сите нивоа претставуваат различни теми (на пример казнена колонија во пустина, логор за воени затворениџи, тајни воени логори), но главната цел е отприлика ист: мораме да откриеме кои се слабостите на тие комплекси и бесрамно да го злоупотребиме тоа знаење. Очигледно, за да дојдеме до споменатото знаење, работата и креативноста се неизбежни фактори, па поради тоа играта пред се им е наменета на оние кои им го посветуваат времето на таквите забавни игри.

Песочник или не, понекогаш можеме да ги пронајдеме правилата, бидејќи и натаму зборуваме за затвори. Неспретно мораме да обрнеме внимание секогаш да бидеме присутни во прозивката, на оброците, туширањето и да ја одработиме работата, која е одредена за тој ден. За планирање на бегство имаме време само на паузите, или во остатокот на денот – ако тоа го направиме поинаку, стражарите би можеле да се посомневаме дека нешто се случува во позадина и да ве казнат со палка.

Можеме да ги избереме саканите ликови на почетокот на секое ниво, и исто така е можно да се прилагоди нивниот изглед и имиња. Во рамките на затворот можеме да одиме на мисии, а од парите кои ги добиваме од нив можеме да лупуваме стока. Предметите се важни, иако поголем дел од нив мораме да ги создадеме сами со помош на системот налик на Minecraft. На пример, за да добиеме лопати, потребни се три различни работи, а веројатно ќе мораме да пробаме неколку пати, бидејќи домашните предмети лесно се трошат. За пофостицирано бегство, потребни се пософистицирани предмети, поради што нашето слободно време веројатно ќе го поминеме во трагање по материјали и компоненти.

Можете да пронајдете неколку начини за бегство на секое ниво. Освен класичните методи на уривање на ѕид, прескокнување на ограда и копање тунели, тука секогаш е и покомплицираното дејство, и уште едно кое е достапно во мултиплеер начинот (до 4 играчи). На пример, за казнената колонија во пустината сам го избрав тунелот, а тука можеме да направиме и самострел.

Графиката е прилично едноставна, но помина низ некои развои во однос на претходната верзијта. Оние кои не се алергични на пикселните решенија, оваа игра ќе биде исполнувачка, а да споменуваме дека не троши многу од батеријата. Музиката и звучните ефекти го претставуваат ретро стилот, но нема повеќе дублирање, можеме да пронајдеме само преводи. Врзано за управувањето, можеме да бираме помеѓу три опции, поради што сум сигурен дека многумина од вас ќе пронајдат начин кој најмногу ви одговара. Прочитав само една рецензија во која корисниците се жалеа на незгодните контроли на мобилниот телефон, но на мене не ми претставуваа никаков проблем.

Можеби ќе ви требаат неколку часа додека не се запознаете со сите начини на бегство, а мултиплеер расположението пружа целоно поинакво искуство на играње. Имајќи ги на ум сите овие информации, мислам дека Pocket Breakout не е претерано скапа, така што оние кои се заинтересирани за светот на затвореници би можеле да бидат целосно задоволни со оваа игра. Во случај да сметате дека сте еднакво снаодливи како Stallone и Schwarzenegger во филмот План за бегство, тогаш играта на Team 17 ќе биде совршена алатка со помош на која тоа можете да го тестирате.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.