imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

The Sims Mobile – Ајде да си играме преправање


Програмерите на Sims увидоа дека глупавите мобилни игри се работа на минатото и дека во 2018. година и игра како оваа треба да го има целосното искуство на играње и на мобилните уреди. Да погледнеме како изгледа играта сега.

Морам да признаам дека пред доста време загубив интерес за Sims. Но, ова е игра која е очигледна и за оние кои не играат никакви игри. По Sims 2 и 3, во EA сфатија дека мораат да ја прилагодат својата единствена игра за конзоли и PC, и за мобилните уреди.

Најпрвин, EA тоа го почна на навистина глупав начин и никогаш не размислуваа за целосна имплементација на играта. Сите ги сакаа Sims игрите бидејќи ни даваа вистинска слобода во донесувањето на одлуките, подигнувањето на нашите ликови, изградбата или уништувањето на нашите социјални односи. Би можеле да ја уредиме целата куќа, а во DLC можевме да купиме различна облека, домашни миленици, па дури и хибридни автомобили.

По Sims Freeplay, играта The Sims Mobile стана достапна низ светот, и го пружа истото, целосно искуство на серијата на мобилните уреди. Тоа е играта која ја очекував по Sims 2, со дизајнот на Sims 3 играта. Тоа беше првото издание кое ни овозможи да шетаме низ град, да одиме во книжарница или на базен, да ги посетиме општествените простори или блиското езеро за да можеме да одиме на риболов.

Пред тоа, можевте тоа да го направите само со помош на DLC. И Sims 3 не беше толку отворен. Со влегувањето во автомобил, можевте да се телепортирате од локација до локација. Во мобилната верзија беше исто: можевте да одите на работа, забава, можевте да ги повикате своите соседи на мало собирање и во тоа беа вклучени сите нови и одлични функции на Sims 4. Морате да соберете искуство, да ги активирате постигнувањата, а за возврат можете да го посетите сите нови места или да го замените моментниот мебел со подобар.

Играта е полна со содржина и немав чувство дека програмерите пробале да го изберат најлесниот начин. Во рамки на играта, достапни ви се многу опции. Единствената работа која е променета е тоа дека можете бесплатно да го преземете Sims Mobile. На почетокот не можев да им верува на своите очи. EA игра која е бесплатна, и содржи само купувања во рамки на аплиакцијата?!

Ако не сте доволно стрпливи, можете да ги купите SimCash пакетите кои ви овозможуваат побрзо да ги развиете своите Sims. Иако EA обожува микротранскации, овие опции изгледаат како мамење. Нема DLC, но се надеваме дека верзијата за iPhone ќе ги има во скора иднина.

Им го препорачувам Sims Mobile на сите кои некогаш ги играле Sims игрите. Играњето е бесплатно, и нема да ве разочара. Испробајте ја на iPhone и iPad.

Преземете ја The Sims Mobile од iOS App Store – iPhone, iPad – бесплатно, содржи купувања преку апликацијата. 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!